Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Спорт

Ѓоковиќ: Го играв најлошиот тенис на УС Опен, без енергија, понекогаш се чувствував како аматер

Сподели

Њујорк, 31 август 2024 (МИА) – Се очекуваше Новак Ѓоковиќ по златото на Олимписките игри во Париз, а пред се поради маестралниот настап во финалето против Карлос Алкараз, сигурно да ја заврши сезоната со трофеј од Гренд слем турнирот УС Опен во свои раце.

Но, од првиот натпревар на турнирот Флешинг Медоус, Новак Ѓоковиќ не личеше на себе. Затоа во третото коло беше елиминиран од Алексеј Попирин и сезоната ја завршува без Гренд слем.

-Честитки за Попирин и неговиот тим. Тој одигра подобро и заслужи да победи. Искрено, со оглед на тоа како се чувствував и играв од почетокот на турнирот… третото коло е успех. Играв еден од најлошите тенис во мојот живот. Сервисот ми беше убедливо најлош… На ваква брза подлога, не можеш да победиш против момци кои се во форма како Алексеј, искрен беше Новак.

- Advertisement -

Олимпискиот турнир сепак оставил трага врз неговата игра.

-Не се чувствував свеж ментално или психолошки. Тоа е друга површина. Дефинитивно имаше одредено влијание. Потрошив многу енергија во освојувањето на златото. Не пристигнав во Њујорк свеж ментално и психолошки. Бидејќи тоа е УС Опен, немав физички проблеми, само се чувствував како да немам гориво, истакна Србинот.

Последен пат Ѓоковиќ беше елиминиран во рана етапа на Гренд слем од Истомин во 2017 година во Мелбурн (второ коло).

-Сега имам горчлив вкус во устата поради поразот. Имав многу повеќе победи отколку порази на сите турнири, морам да ја повлечам линијата и да ја погледнам пошироката слика, но сега е тешко да се направи тоа. Лут сум и вознемирен поради поразот, но утре е нов ден, додаде еден од најдобрите во историјата на тенисот.

Сезоната завршува без Гренд слем за српскиот тенисер, а интересно, за прв пат по 2002 година, се случува Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер или Рафаел Надал да не освојат Гренд слем турнир во една сезона.

Од Спорт МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Постапка против Сејдини и ревизија на лиценцата на Ангеловски

Ролан Гарос забрани алкохол на трибините

Некогаш вредеше 58 милиони, сега кариерата ја продолжува во неочекуван клуб!

Руни: Јунајтед е сенка на себе, немам доверба во Аморим

Буфон ќе ја добие Претседателската награда на УЕФА

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Ѓоковиќ сака да го повтори рекордот на Федерер на Вимблдон

Фудбал

Струга ТЛ убедлива против Македонија ЃП, Шкендија го елиминираше Пелистер

Спорт

Фабрегас создава чуда: Комо во неверојатна форма!

Фудбал

Ливерпул и Јунајтед во трка за Упамекано од Баерн

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?