Проблемите со самозапалувањето на електричните автомобили никако да завршат. Последната во низата трагични вести доаѓа од Јужна Кореја, а виновникот е Mercedes EQE.
Јужнокорејските медиуми пренесуваат дека во градот Инчеон, во станбен комплекс со над 700 жители избувнал пожар во подземниот паркинг. Истиот потекнува од паркиран електричен автомобил, а покрај самиот автомобил, во пожарот настрадале и 140 други автомобил додека пак 23 лица биле повредени.
Поради самиот настан, итен состанок закажа и тамошното Министерство за животна средина.
Се чини дека времето на електричните автомобили не е се’ уште дојдено.