Кои автомобили најмногу може да поминат на резерва?

Во низата бројни статистики во светот на автомобилизмот е и онаа за тоа кои автомобили најмногу може да поминат на резерва. Во просек, предупредувањето за возење на резерва најчесто се вклучува кога во автомобилот ќе останат 10% со гориво од вкупниот капацитет на резервоарот.

Тогаш добиваме знак дека возилото е на резерва и треба да се упатиме кон најблиската бензинска станица.

Но не сите се стресуваат кога ќе се случи ова. На пример возачите на Toyota RAv4 со резервата може да поминат одлични 118 километри. Токму поради тоа, овој модел е на првото место на листата на автомобили кои најмногу може да поминат на резерва.

Само два километри помалку може да помине моделот F-150 XLT на Ford, а моделот Accord на јапонскиот производител Honda 112 километри.

Во продолжение е прикажана листата на 10 автомобили кои најмногу може да поминат на резерва.

Toyota RAV4: 118 километри

Ford F-150 XLT: 116 километри

Honda Accord: 112 километри

Toyota Camry: 110 километри

Dodge Ram 1500: 105 километри

BMW X3 M50: 101 километри

Audi Q5 40 TFSI Quattro: 92 километри

Mini Cooper: 87 километри

Mercedes-Benz C-klase 200: 87 километри

VW Tiguan Allspace: 85 километри

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава