Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Градоначалникот Гоцевски: Ја враќаме довербата на граѓаните кон локалните институции

Сподели

Градоначалникот на Општина Делчево и општинската администрација од денес започнуваат со имплементација на НОВА ПРОГРАМА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА со единствена цел: да се врати довербата на граѓаните кон локалните институции со цел вистинска јавна и транспарентна општина која е суштински одговорен сервис за граѓаните.

Ова го истакна градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, во својата прва прес-конференција и најави дека на неделна основа ќе се реализираат отворени и јавни тематски прес- конференции за сите тековни активности на Општина Делчево.

-Во наредниот период во најкус можен рок, оваа моја политичка определба ќе се преслика и во локалните институции коишто се под мои ингеренции, со цел делчевската и пожироката јавност да биде запозната со сите детали од нивното работење. Веќе дадов насоки за екипирање на лицата во општинската администрација коишто ќе бидат ставени на располагање на граѓаните и јавноста за оваа цел. Главна цел е драстично подробрување на јавноста и транспарентноста на работата на: Градоначалникот на Општина Делчево; Советот на Општина Делчево; Локалниот младински совет на Делчево; Месните и урбаните заедници при Општина Делчево; Општинската администрација; Локалните институции под ингеренции на Општина Делчево. Во функција и развој на зголемено ниво на демократија во нашата локална заедница, нагласи Гоцевски.

- Advertisement -

Гоцевски на првата прес-конференција истакна дека довербата дадена од граѓаните обврзува да се зборува и работи за една поинаква општина.

-Довербата што ми ја дадовте, за мене не е само изборен резултат-тоа е еден вид завет, голема обврска и безусловен поттик да се работи искрено и одговорно, бидејќи нашиот роден град заслужува напредок, правда и достоинство. Со задоволство ве информирам дека започнуваме заедничка мисија-да ја изградиме општината што ја посакуваме и што ја заслужуваме. Затоа најавувам дека од денес зборуваме за една поинаква општина: Општина што слуша, општина што работи и општина што се грижи за секој граѓанин. Нема повеќе затворена општинска администрација,нема повеќе затворен градоначалник кој комуницира преку напишани соопштенија преку фејсбук, или преку изнудени обраќања во јавност на снимени прес- конференции од градоначалничкиот кабинет, нема веќе затворени локални институции, заклучи Гоцевски.

Извор:www.delcevo.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Десетгодишно дете повредено на ногата поради напад од бездомно куче

Без струја утре делови од општините Илинден и Карпош

Без вода улици во општина Ѓорче Петров

Кочани воведува еднонасочен сообраќај на главните улици

Во Скопје 162 сообраќајни прекршоци

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Гевгелија продолжува да биде локална самоуправа со висок индекс на активна транспарентност

Локално

Конституиран новиот совет на Општина Велес

Локално

Спектакл од светилки и украси – Крива Паланка подготвена за Новогодишната магија

Локално

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Здружение ТАЈКА

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?