Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Анализа

He is back – Доналд Трамп се враќа во Белата Куќа – анализа на Дарко Тодоровски

07.11.2024
Сподели
– Историска победа за Доналд Трамп. За разлика од 2016 година, кога победи тесно, овој пат чиста победа со огромна разлика. За прв пат после 100 години републикански кандидат победи во некои региони на САД.
– Републиканците победија и на изборите за Сенатот (каде беше обновена една третина од домот). Победија и на изборите за Претставничкиот дом. Тоа значи дека Републиканците ќе имаат апсолутна власт.
– Изборите во САД се најважниот светски настан во 2024 година. Целото светско внимание е насочено кон САД. Светската политика во голем дел зависи од САД.
– Победата на Трамп е важен маркер за целиот глобален идеолошки простор, поразот на глобалниот неолиберален проект и неговите многубројни претставници ширум светот. Доаѓа времето на десницата – во Европа, Азија, Блискиот Исток – насекаде. Тоа не значи дека ќе биде подобро, светот влегува во нова турбулентна фаза од својот развој.
– Големи внатрешни промени во САД. Обид за нова индустриализација, заштита на границата со Мексико и борба со нелегалната миграција и зголемениот % на криминал. Ќе продолжи поделбата на внатрешен план во САД како резултат на политичката борба на Трамп против демократите.
– Следат тешки преговори помеѓу САД и ЕУ (особено трговски). Односите ќе деградираат, но САД и ЕУ ќе продолжат да бидат стратешки сојузници. Ниту НАТО, ниту ЕУ ќе се распаднат.
– Надежите на неолибералите дека Трампизмот е привремен бледнеат. САД се менуваат, нешто на што Европа е подготвена со зборови, но во реалноста воопшто не е. Бидејќи европската политика одамна стана дериват на американската политика, промените се неизбежни и во Европа.
– Тешки преговори помеѓу САД и Русија околу Украина. Трамп ќе се обиде да го замрзне конфликтот според ситуацијата на терен. “Мировниот план” на Трамп за Украина не е прифатлив ниту за Русија ниту за Украина. Неговиот предлог ќе биде Земи или остави. Тоа не е прифатливо ниту за Русија ниту за Украина. За Русија тоа значи стратешки пораз, а за Украина губење на територии. Неизбежна ќе биде нова војна во иднина.
– Никаков стратешки договор помеѓу САД и Русија за Европската безбедност нема да има, како и враќање на НАТО на границите од 1997 година. Нема да има ниту укинување на санкциите против Русија. Тие ќе се засилуваат и постојано ќе се надоградуваат. НАТО ќе стане посилно. Во Републиканската партија има јастреби кои што се против Русија (Линдзи Грем и слични на него).
– Следува зголемување на воените буџети на државите членки на НАТО и сојузниците на САД. Едни од најголемите донатори во предизборната кампања на Трамп се американските воени компании. Огромни договори и профити за американските воени компании.
– Продолжување на трговската и технолошката војна против НР Кина. Но постои можност од привремен договор помеѓу НР Кина и САД. Зголемување на царината на 60% и повеќе за увоз на голем број производи и услуги од НР Кина. Но НР Кина ќе го зголеми својот извоз во САД преку Мексико, Виетнам, Тајланд, Малезија и други држави.
– На геополитички план и на шаховската табла, најголем бенефит од победата на Трамп има НР Кина. Зошто? Бидејќи Трамп со своите политики сојузниците да плаќаат повеќе и зголемување на царините ќе ги влоши односите со Европа, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван. Веројатноста од заеднички американско-европски фронт против НР Кина опаѓа. А тоа и дава на НР Кина простор за маневар и дополнително време
– Никаков стратешки договор помеѓу САД и НР Кина за Југо-Источна Азија нема да има.
– Нов Блиски Исток. Победата на Трамп широко ги отвора вратите за Израел за спроведување на стратегијата “Нов Блиски Исток”, односно удар против Иран. Тешки денови за Иран. Саудиска Арабија се враќа во блокот на САД, што значи удар по Русија и нејзините интереси на Блискиот Исток.
– На Балканот ништо суштински нема да се промени (освен можноста за некаков договор за Косово и Метохија). Балканот нема приоритет во американската надворешна политика. Балканот е под целосна воена, политичка и економска контрола на САД и Западот, и длабоко е интегриран во евро-атланските структури.
Не сум специјалист за САД и не претендирам да бидам, затоа без длабока анализа на промените на внатрешен план во САД.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Зошто падна Асад и дали ќе интервенира Иран? Која беше улогата на Турција? – Сѐ што треба да знаете за моменталната состојба во Сирија

Светот во 2024/Грузија на крстопат меѓу Исток и Запад

Малта со најскапо, а Хрватска со најевтино обработливо земјиште во ЕУ

Србија меѓу Косово и ЕУ – патот на компромисот или на конфронтацијата?

Има ли ЕУ легитимитет? И дали е време за други стратешки партнери?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Анализа

Како би изгледала Југославија денес?

Анализа

Дали Украина ќе ја плати цената на Сирија?

Анализа

Воена анализа: Колку оружје поседуваат Иран и Израел?

Анализа

Украина: Кога е вистинското време за предавање?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?