Српските хокеарски навивачи се во шок поради недоличниот инцидент кој се случи во Загреб, каде што хокеарите на Црвена Звезда беа жртви на кражба за време на натпреварот против Медвешчак. Според информациите од „CZBG портал“, додека натпреварот беше во тек, непознати лица влегле во соблекувалната и ги однеле сите лични предмети на играчите.
Овој инцидент се случи во третата третина од натпреварот во регионалната ИХЛ лига. Извештаите велат дека крадците успеале да украдат тренинг одела и јакни обележани со логото на Црвена Звезда, а исчезнале и важни документи како пасош и мобилен телефон. По завршувањето на натпреварот, околу еден час подоцна, дел од украдената облека била вратена, но не е потврдено дали пасошот и телефонот се исто така враќени.
Во меѓувреме, хокеарскиот тим од Белград забележа убедлива победа од 6:1, што им донесе трето место во регионалната лига.


