Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Стојковска: Мојата визија е град на надеж, можности и достоинство за секој прилепчанец
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Стојковска: Мојата визија е град на надеж, можности и достоинство за секој прилепчанец
Интервју

Стојковска: Мојата визија е град на надеж, можности и достоинство за секој прилепчанец

03.10.2025
Share
SHARE

Интервју со Јасмина Стојковска, кандидат за градоначалник за Општина Прилеп од редовите на политичката партија Демократи. Јасминка Стојковска се опишува себеси како жена, мајка и борец за правата на маргинализираните, на оние невидливите за системот
„Со години се соочувам со акромегалија, но мојата лична битка ја претворив во мисија – да им помогнам и на другите.“ вели Стојковска. Денес пак како кандидат за градоначалник вели дека функцијата градоначалник не ја доживува како дел од партиска борба, но борба за подобра иднина на Прилеп, нејзиниот град. „Ќе ја градиме заедно сите, за заедно и да ја сочуваме.“ додава Јасмина.

Во продолжение е целосното интервју.

 

1. Што Ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник на Прилеп и која е Вашата главна визија за градот?


ЈС: Ме мотивираше лелекот на мајките чии деца заминуваат од државата, лелекот на мајките кои со донации ги лекуваат своите деца, лелекот на старите кои нема кој да им подаде чаша вода, и лелекот на татковината чиј богатства други ги користат, а нашата земја останува необработена и запуштена.

Мојата визија е едноставна – Прилеп да биде град каде што младите ќе сакаат да останат,секој ќе може да живее достоинствено, во чиста и уредена средина, со можности за работа и образование, со култура, спорт и туризам кои ќе носат гордост и развој.
Она што го зборувам години наназад е дека Прилеп има потенцијал да биде еден од најразвиените градови во Македонија само од мермер и тутун.За жал гледаме дека 34 години градот назадува.Последниве 8 години пак темпото е турбо убрзано.

2. Прилеп е град со огромен потенцијал, но и со сериозни проблеми – од инфраструктура до загадување. Кои ќе бидат Вашите први три приоритети?

ЈС: Моите приоритети мора да бидат реални и изводливи во рамките на буџетот – граѓаните заслужуваат чесни ветувања.
Прво – чиста животна средина, со решавање на загадувањето и современ систем за отпад.Проектот селекција на отпад во секое домаќинство ќе биде реален само со силна едукација за свесност и додатно мотивација.
Воздухот е загаден од РЕК Битола,но најмногу од мермерна прашина.
Тоа треба да се решава што поскоро.Мерни станици,обврска на концесионерите да сторат повеќе за граѓаните кои им посакале топло добредојде.
Второ – инфраструктура за сите, не само за центарот: улици, тротоари, јавни простори, паркинзи и повеќе чистота во секоја населба.
Трето – човекот, социјална сигурност за семејствата во ризик, грижа за старите и нови можности за младите.

3. Како ќе го решавате проблемот со загадениот воздух, отпадот и недостигот на паркинг простори во градот?

ЈС: Најнапред едукација за селектирање на отпад и мотивација за рециклирање. Ќе воведеме систем за селекција и современи решенија за управување со депониите. Ќе се работи на пошумување и зелени зони.
Проблемот со крадење на кабли, сечење дрва и собирање железо најчесто се врзува со ромската популација. Но вистината е дека луѓето тоа го прават за егзистенција. Затоа мора да разговараме и да најдеме нови начини тие семејства да обезбедат приходи.
За паркинзите – монтажни гаражи и ново организирање на постојните паркинзи, со приоритет за пациентите и лицата со попреченост.
Неможете да земате пари од паркинзи преполни дупки!

4. Младите масовно се иселуваат од Прилеп. Што ќе понудите за да останат – работни места, образование, културни и спортски содржини?

ЈС: Сите зборуваат за враќање на младите, но истовремено промовираат бизнис модели каде што вештачка интелигенција ќе ги замени работниците – без плати, придонеси, боледувања или К-15. Како тогаш да ги задржиме младите?
А уште поголемо прашање е – како ќе ги вратиме?
Јас верувам во фер услови за работа и достоинствена плата.
Овде ќе се задржам на една тема која никој не ја разгледува денес.
Што ако светот оди кон заменување на човечката вредност со машини,?
Ќе дојде ден кога младите ќе се вратат дома – но прашањето е: што ќе најдат тука?
Затоа мора уште сега да изградиме креативни индустрии, програми за стартапи, современо образование, културен и спортски живот.
Развој на локалното стопанство и индустрија врз база на локални потреби и ресурси.Кога зборувам за тутун велам зошто ние немаме локална цигара / пура која ќе го заврти светот?
Кога зборувам за мермер- велам зошто во Прилеп нема училиште кое ќе образува млади за обработка на мермер до финални производи: скулптури,сувенири кои ќе го обиколат светот.
Или земјата !Нашата житница Пелагонија,пасиштата…
Да се направат агро-хемиски тестирања на почвата за можност на нови ,доходовни култури.
Така ќе ја подобриме нашата економија,но ќе може да нудиме наши финални производи во светот.

Прилеп веќе има институции кои треба повторно да им се дадат на младите – Домот на култура „Марко Цепенков“, Работничкиот универзитет „Пере Тошев“ со едукации и обуки, како и домовите по населбите кои чекаат нов живот. Лесно е да се направи спој меѓу ова и едно ново младинско катче кое ќе биде надополнување.
Младите се најболната точка,а лелекот на мајките најсилниот мој мотив за кандидатура.
Затоа и најдолг одговор.Не смеам да пропуштам ништо.Кога веќе законски е задолжително средното и основно образование,тоа не треба да биде ставено под знак прашалник за превоз,за храна.Исто така и за грижа и обезбедување на практична настава од страна на локалната управа за средношколци.
Афирмација на нашиот единсвен Економски факултет како високообразовна институција и залагање на нешто.
Зошто?
Затоа што еве октомври сме а градот е празен.
Нашите деца-студенти веќе заминаа од градот и прашање е дали воопшто ќе се вратат тука.
Тоа е првиот чекор на иселување.Ако ништо друго билетот во еден правец во Скопје му е сигурен.

5. Прилеп има силна традиција – од тутунарството до културните манифестации како „Пивофест“ и фестивалот „Војдан Чернодрински“. Како ќе го развивате туризмот и културниот живот во градот?

ЈС: Прилеп има спортска сала, театар, фестивали и историски знаменитости – тоа се основи кои треба да ги заживееме. Традицијата е богатство кое може да се претвори во туристичка понуда. Поддршка за гастрономијата, занаетчиството и локалните манифестации, а со меѓународна промоција тие ќе донесат туристи и нови приходи.
Концесионерите на мермер треба да знаат дека прилепчани заслужуваат многу повеќе од нови “планини ” изникнати од отпад кои ни ги создаваат копајќи го мермерот!
Тие “планини” треба да ги преточиме во нешто сосема друго.Идеата ексклузивно ќе ја кажам тука .
Овие вештачки “планини” треба да бидат дел од туристичка атракција која ми е во главата.

6. Како ќе ја подобрите транспарентноста и отчетноста на Општината пред граѓаните?

ЈС: Транспарентноста значи јавно достапен и дигитален буџет. Сите мора да знаат колку средства има, за што се трошат и што е навистина можно да се реализира. Не е чесно да се ветува нешто без граѓаните да знаат дали има пари за тоа. Само со целосно отворен буџет ќе има доверба.За Прилеп,за градовите вистински да заживеат најбитна е децентрализација на државата.
Секое домаќинство – свој буџет,секој град исто!

7. Кoја ќе биде Вашата прва мерка во првите 100 дена од мандатот, доколку граѓаните Ви ја доверат довербата?

ЈС: Прво ќе направиме ревизија на инфраструктурата и комуналните услуги. Ќе се исчистат дивите депонии и ќе се изготви план за нови паркинзи. Паралелно ќе почнеме со програми за поддршка на најранливите семејства – старите, лицата и семејствата во социјален ризик.Но исто така, сакам да напоменам: јас лично би сакала да се преселам во некое блиско село, но таму нема ни продавница за леб. Селата мора да оживеат – со продавници,згрижувачки објекти за деца,училишта. инфраструктура, култура и можности за работа. Не смееме да дозволиме изумирање на градовите исто како селата .

▶ Случајно видео

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?