Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ХРВ: СП 2034 не смее да се гради врз трупови на работници

Сподели

Њујорк, 14 мај 2025 (МИА) – Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денес предупреди дека Светското првенство во 2034 година, кое ФИФА ѝ го додели на Саудиска Арабија во декември, „не смее да се организира врз трупови на работници“.

Во најновиот извештај на ХРВ документирани се сериозни кршења на правата на работниците кои работат на инфраструктурни проекти поврзани со подготовките за Мундијалот.

Извештајот е заснован на интервјуа со 31 семејство на работници кои загинале на градилишта, претежно од Бангладеш, Индија и Непал, на возраст од 23 до 52 години, како и тројца очевидци на фаталните несреќи.

- Advertisement -

Бројни работници мигранти во Саудиска Арабија загинале во несреќи што можеле да се спречат, се наведува во извештајот на ХРВ.

Поголемиот број смртни случаи не се класифицирани како несреќи на работното место, со што на семејствата им се одзема правото на надомест на штета.

ХРВ наведува дека „дури и кога тоа право постои, процесот е долготрајно и исцрпувачки“.

Имало случаи на електричен удар, обезглавување, смачкување … Саудиска Арабија претставува исклучително опасна работна средина, изјави заменик-директор на ХРВ за Блиски Исток и Северна Африка, Мајкл Пејџ.

Тој додаде дека долготрајната изложеност на топлина, песок и прашина, неспроведувањето на постојните закони, ниското ниво на заштита на работничките права, како и целосното отсуство на слобода на говор, синдикално организирање и медиуми требало да биде аларм за ФИФА при доделувањето на домаќинот.

На истражувачките тимови на невладините организации не им е дозволено да влезат во Саудиска Арабија, што беше случај и со Катар пред Светското првенство во фудбал во 2022 година.

Авторите на извештајот прават директна паралела со ситуацијата во Катар, каде што бројни здруженија ги критикуваа условите за работа и големиот број смртни случаи помеѓу странските работници.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Продолжува потрагата по 48 исчезнати мигранти по бродоломот кај Канарските острови

Абазовиќ: Нема да дозволиме никој да ни го земе Улцињ

ТикТок се обврза на трајно повлекување на својата програма „Лајт Ревардс“ од ЕУ

Падна параглајдерист – спасувачката акција сè уште трае

Естонија инвестира во безбедноста: Купува корејски ракетни системи за 290 милиони евра

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти од превртен чамец на реката Дрина

Најмалку 43 лица загинаа во пожар во трговски центар во Бангладеш

Свет

Трагедија во Јужна Африка: 41 момче загина по обредот на обрезување

Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?