Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

ТикТок се обврза на трајно повлекување на својата програма „Лајт Ревардс“ од ЕУ

05.08.2024 13:15
Сподели

Брисел, 5 август 2024 (МИА) – Со цел да се усогласи со Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), ТикТок се обврза дека трајно ќе ја повлече од употреба на територијата на Унијата својата програма „ТикТок Лајт Ревардс“ , соопшти денеска Европската комисија.

Во соопштението се посочува дека ТикТок пратил известување до Еврокомисијата дека се решил на ваквиот чекор како одговор на нејзината одлука од 22 април годинава за започнување формалната постапка против социјалната мрежа поради неусогласеност со одредби од ДСА.

Програмата „ТикТок Лајт Ревардс“ им овозможува на корисниците на ТикТок да добиваат наградни поени во реално време со гледање видеа, „лајкување“ на содржини, заследување на одредени профили или со едноставно поканување на нивните пријатели да се придружат на оваа социјална мрежа.

Ad image

Според ЕК, покрај трајното повлекување на „ТикТок Лајт Ревардс“ од ЕУ, платформата презела и обврска да не воведе друга програма што би имала слични карактеристики.

Банер Банер BrandEcho

– Оваа обврска е правно обврзувачка, што значи дека секое нејзино непочитување по автоматизам би претставувало прекршување на ДСА и затоа може да следат парични казни. Со оваа одлука, Комисијата ја затвора и формалната постапка отворена против ТикТок на 22 април, се наведува во соопштението на ЕК.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова е прв случај Комисијата да прекине започната постапка врз основа на ДСА против една онлајн платформа, откако таа се согласила да преземе одредени обврски за отстранување на загриженоста и сомнежите што биле причина за отворање на постапката.

Програмата „ТикТок Лајт Ревардс“ беше лансирана во Шпанија и Франција во април годинава, по што Комисијата изрази загриженост дека таа е започната без претходна соодветна проценка на ризиците што ги носи и без да бидат преземени ефикасни мерки за нивно намалување, особено во врска со „предизвикувањето зависност од програмите за награди“. Според ЕК, оваа програма може „да стимулира зависничко однесување“ и потенцијално да има негативни ефекти врз физичкото и менталното здравје на корисниците, пред се на малолетниците.

Согласно ДСА, т.н. „многу големи онлајн платформи“, меѓу кои е и ТикТок, се обврзани да вршат проценка на ризиците и да преземаат мерки за справување со нив. Откако ТикТок не достави извештај за проценка на ризикот од програмата „ТикТок Лајт Ревардс“, Еврокомисијата реши да покрене формална постапка против социјалната мрежа.

Инаку, ова беше втора постапка на ЕК против ТикТок поради сомнеж за прекршување на одредби од ДСА, по онаа започната на 19 февруари годинава, која и натаму останува отворена.

Покрај оваа, во моментов активни се и формални постапки на ЕК и против АлиЕкспрес, започната во март, две против Мета, едната од април, а втората од мај, како и против Икс, иницирана на 12 минатиот месец.

Од Сашко Панајотов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ДР Конго: Влада и бунтовници од М23 се обврзаа на заштита на цивилите и хуманитарната помош

Поради украинските напади во Белгордската област прогласена вонредна состојба

ЕК предлага повисоки царини за руските азотни ѓубрива, земјоделците предупредуваат на раст на трошоците

Италијанскиот амбасадор во Москва повикан на разговор во МНР поради новинарскиот тим на РАИ во Курск

Парагвај: 70 малолетници исчезнати во 2026 година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Медицинска сестра убила 10 пациенти со смртоносни инекции!

Свет

Иранскиот министер за надворешни работи: Подготвени сме за војна ако САД сакаат да не ‘тестираат’

Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок за нарушување на приватноста на децата

Балкан

Додик најавува: 15 земји ќе ја признаат Република Српска по прогласувањето независност

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?