Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Весна Поповска: Помалку изговори, повеќе резултати – време е Бутел да се исчисти и среди

Сподели

Интервју со Весна Поповска, кандидат за совеник во Општина Бутел од редовите на Коалицијата „Искуство за успех“.

1. Која е Весна Поповска?

Дипломиран инжињер на факултетот за земјоделски науки и храна, со огромно искуство во областа на животното осигурување како лиценциран државен брокер, сопруга и мајка .

Во Визбегово општина Бутел дојдов да живеам уште во 2007 година, еве веќе скоро 20 години, и од прв ден бев воодушевена од чистиот воздух и убавата средина. Толку беше тивко и мирно за живот како да се наоѓаш во некоја воздушна бања во Швајцарија. Но, тоа за овие 20 години се смени и сега како да живееме во една огромна депонија.

2. Што Ве мотивираше да се кандидирате за советник во Општина Бутел?

ВП: Што ме мотивираше да се кандидирам за советник? Токму тоа…нечистотијата.

Како иден советник во советот на општина Бутел, прво за што би се залагала е подобрување на хигиената, чистење на диви депонии, редовно одложување на сметот.

3. Со што Вие лично се разликувате од другите кандидати?

ВП: Останатите кандидати лично не ги познавам, но јас за себе можам да гарантирам дека со мојот темперамент и упорност ќе ги остварам сите задададени предлози и решенија од програмата на Коалицијата за Бутел.

4. Кои ги сметате за најголеми проблеми во Бутел и како би ги решавале? Што е првата работа што ќе ја покренете како иницијатива во Советот?

ВП: Кога ме прашувате и кои се најголеми проблеми и како би ги решила,освен нечистотијата, втор најголем проблем е јавниот превоз.

Конкретно во Визбегово имаме само една линија број 18 која вози на саат и десет минути….. Да, да, добро ме разбравте, саат и десет минути. Замислете и уште ако се расипе, бидејки се стари коли и ЈСП немаат резервни делови за истите да ги поправат, буквално населението сме отсечени од градот, без никаков превоз бидејќи такси возила скоро и да не доаѓаат. Па за каква Европа ние зборуваме, 21. век без јавен превоз. Катастрофа. Јас како иден советник нормално би предложила веднаш како точка на дневен ред решение кое ми е спремно, со што би се подобрил превозот конкретно во Визбегово.

Реновирање на ТЦ Живко Брајковски и спојување на двете ламели со посебни патеки за луѓе со посебни потреби и мајки со колички и мали деца, реновирање на основните ушилишта и подобрување на условите со смарт табли, соларни панели, централно греење и ладење итн.

Средување на имотно правните проблем на населението, како и атарот на Кучевичка Бара да влезе во една општина.

Ослободување на тротоарите за непречено движење на децата и старите лица.

За да се справиме со загадувањето би предложила субвенции за купување на инвертери за греење, за да не се користи цврст огрев, но и зачестени инспекциии контроли.

Осветлувањето е исто така голем проблем, улично осветлување скоро и да нема. Тоа се решава многу лесно со проект за ново улично осветлување со ЛЕД светилки на соларна енергија кои се многу поекономични и би заштедиле од буџетот на општината.

5. Дали мислите дека Општина Бутел е запоставена во споредба со другите скопски општини?

ВП: Општина Бутел мислам дека не е запоставена во однос на другите оштини, напротив мислам дека е најпривилигирана во однос на добивање финансиски средства од владата.

Запоставени се жителите на општината, улиците се со огромни дупки, тротоари скоро и да нема, безбедноста на најниско ниво.

6. Дали би вовеле редовни средби со жителите за отчетност?

ВП: Секако,па ние сме претставници на граѓаните и произлегуваме од обичните грагани и сме во корелација со нив.Секако како проект ке биде отварање на вратите на општината за поголема транспарентност и отчетност.

7. Кој е Вашиот апел до граѓаните – зошто да Ви ја дадат довербата?

ВП: Мојот апел до граганите би бил секако Помалку изговори,повеќе резултати како што е и нашиот слоган искуство за успех .

Заокружете го бројот 1 на листата за советници,и рачунајте дека доколку влезам во советот на општина Бутел Ви стојам на располагање 24/7 за решавање на заедничките проблеми.

Секако дека би поддржала рециклирање на отпад на локално ниво,односно би иницирала регистрирање на посебно претпријатие во склоп на општината кое ќе се занимава со одлагање на смет,селекција и рециклирање на отпад како и грижа за градското зеленило.

 

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Интервју со Златко Тренчевски: „Ќе ставам мораториум на нови градби – време е за здрава и зелена Гази Баба“

Интервју

Бојан Мишкоски: Кичево заслужува промена и иднина за младите

Интервју

Предновогодишно интервју со Снеже Велков: 2024 ми беше година на промени и лекции

Интервју

Ванковска: Трамп не е успех на американската демократија, туку морбиден симптом на нејзиниот колапс

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?