Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Итен и безусловен прекин на разговорите за членство во ЕУ
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Итен и безусловен прекин на разговорите за членство во ЕУ
Агол

Итен и безусловен прекин на разговорите за членство во ЕУ

17.05.2025
Share
SHARE

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со огорченост ја отфрла изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта од прес конференцијата на 15 мај 2025 година по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, во врска со евроинтергацијата на Македонија: “Она што е договорено е договорено и нема повеќе што да се договара! Сега треба да се исполни тоа што е договорено, и нема повеќе простор да се прашува што уште треба да се договара! Не ви треба план Б, туку само реализирање на планот А и тоа е нашиот фокус! Нема план Б за македонската интеграција во ЕУ!“

СМК бара Македонската влада итно и безусловно да ги прекине разговорите за членство на Македонија во Европската Унија, а да продолжи со реформите на уставниот поредок и привлекувањето на странски инвестиции за развој на државата Македонија!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, ја признаваат бугарската нација како политичка нација со своја културна идентификација но отфрлаат грубо мешање на Софија во внатрешните работи на Македонија со територијални претензии, ниту се мешаат во внатрешните работи на Бугарија и историските корени на Бугарите во Татарстан, Пакистан, Кина и Монголија! “Етнички бугари“ во Македонија, Албанија и Косово нема, ниту “бугарската нација е државотворна во држвата Македонија“!

СМК отфрла впишување на “етнички бугари” во преамбулата и членовите 49 и 78 на Уставот на државата Македонија!

СМК потсетува дека сите барања за демонтажа на Македонија, од држава во територија без Македонски народ и историја, Софија ги уреди во Протоколот Бујар Османи-Теодора Генчовска од 17 јули 2022 година за имплементирање на Договорот Зоран Заев-Бојко Борисов од 1 август 2017 година, а поздравен на атипичниот и нестандарден “Политички состанок ЕУ-Македонија“ одржан на 19 јули 2022 година, со препорака за впишување на бугарите во Уставот на државата Македонија, како предуслов за одржување на првата конференција ЕУ-Македонија за усвојување на Француската преговарачка рамка прокламирана на 23 јуни 2022 година и модифицирана на Самитот на НАТО во Мадрид на 30 јуни 2022 година со бугарските четири дополнителни барања од 24 јуни 2022 година оценети како праведни од францускиот претседател Емануел Макрон. Во Протоколот од 17 јули 2022 година се содржани сите барања на Софија од: (I) “Рамковната декларација за почеток на преговорите на Македонија и Албанија во Европската Унија” усвоена од бугарската Влада на 9 октомври 2019 година а потврдена со декларација на Народното собрание на Бугарија од 10 октомври 2019 година во која Софија бара Македонија: (1) да признае дека Македонците до 1944 година биле Бугари, (2) да ги признае бугарските корени на македонскиот јазик и историја, (3) да изјави дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, (4) да се откаже од Македонците во Буфарија, (5) да ги измени учебниците по историја, географија и литература според барањата на Софија, (6) да се откаже од бугарската фашистичка окупација во Втората светска војна, (7) да ги избрише од сите споменици на целата територија зборовите “бугарски фашистички окупатор”; (II) таканаречениот “Објаснувачки меморандум” на Софија до земјите членки на Европската Унија од 16 септември 2020 година; и (III) декларацијата на Народното собрание на Бугарија од 24 јуни 2022 година со дополнителните четири услови: (1) ефикасно имплемнтирање на Договорот Заев-Борисов, (2) впишување на Бугарите во Уставот како државотворен народ, (3) дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и (4) европски гаранции дека бугарските услови ќе бидат исполнети!

СМК потсетува дека сите во државата Македонија се еднакви пред Уставот и законите независно од нивното етничко потекло, верско уверување, политичка припадност, социјален статус и општествена положба!

СМК од Владата во Софија бара извршување на пресудите од Европскиот суд за човекови права по тужби од Македонците во Бугарија за остварување на нивните права на самоидентификација, образование, информирање и вероисповед на мајчин македонски јазик и собир и регистрација на здруженија и политички партии на Македонците!

СМК потсетува дека на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, четири петини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, ГЛАСАА ЗА “суверена и самостојна држава Македонија” без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок! А, на референдумот одржан на 30 септември 2018 година, две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, НЕ ГЛАСАА “за членство во ЕУ и НАТО” и не го прифатија договорот помеѓу Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ! Прашањето за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО-Алијансата е затворено и завршено, Владата е должна да ги спроведе одлуките на референдумите од 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година!

СМК бара итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, итно и безусловно еднострано распуштање на македонско-бугарската и македонско-грчката меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја и итно и безусловно продолжување на членството во Организацијата на Обединетите Нации под државното историско и генеричко име Македонија со нота до Советот за безбедност и резолуција до Генералното собрание!

СМК ги предупредува Собранието, Претседателката и Владата дека прифаќањето на Договорот Заев-Борисов, Протоколот Османи-Генчевска и Спогодбата Димитров-Коѕиас претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува, за што следи казна доживотен затвор и конфискација на целиот личен имот и имотот на членовите на семејството дома и во светот!

СМК потсетува дека американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време, светот се гради на мултиполарни основи и Македонија мора да ја прилагоди својата надворешна политика на новата геополитичка карта на светот, Македонија мора да гради политики на активен мултилатерализам – од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост што значи: взамено разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, предлагаат историско помирување на македонскиот народ со сите соседни народи и договори за траен мир и добрососедство помеѓу државата Македонија со сите соседни држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост!

И покрај тоа што Македонците се единствени носители на државното име Македонија во светот, притоа свесни дека Империјата Македонија не може да се супституира во Републиката Македонија и уверени дека сите нации држави на Балканот биле делови на исти империи на овие простори поради што имаат исто или слично културно-историско наследство, ние Македонците, макар и еднострано, декларираме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

СМК

You Might Also Like

За МРТВ

Психолошката призма на важноста и светоста на семејството

Една година без мојот син

Новата бугарска антифашистичка историја во еден Фејсбук коментар (ФОТО)

Министерството за правда со порака да не се разочарувате ако не очекувате правда

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?