„Во најјугозападниот дел на Југославија, на самото тромеѓе на Југославија, Албанија и Грција се наоѓа Преспа“ – вака започнува кратката репортажа за убавините на Отешево емитувана на РТВ Скопје на 19 мај 1984 година.
Повозрасните ќе се потсетат на убавините на Отешево. Песочните плажи, одморалиштата, бистрата вода и убавите дружби.
За носталгичарите, но и оние кои ни на крајот на паметот нема да помислат дека некогаш Отешево беше туристичка дестинација број 1 во СР Македонија.