Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Автомобилизам

Jeep Avenger – 200.000 нарачки и водство во B-SUV сегментот во Европа

Сподели

Со 200.000 нарачки во рок од две години од лансирањето, Jeep Avenger ја зацврсти својата позиција како стратешка приказна за успех на брендот, поставувајќи се како водечки играч во европскиот B-SUV сегмент и влегувајќи во топ 10 најпродавани возила во својата класа.

Првиот електричен SUV на Jeep, дизајниран специјално за европскиот пазар, брзо привлекува нови купувачи благодарение на својата прилагодливост, современ дизајн и препознатлив теренски дух. Претставен во 2022 година, а комерцијално лансиран во 2023 година, Avenger претставуваше клучен момент во електрификациската стратегија на брендот, а со понудата што ги вклучува и бензинските и хибридните верзии, Jeep дополнително ја прошири својата привлечност и достапност.

Новата верзија со погон на сите четири тркала, вклучувајќи ја и лимитираната North Face Edition (само 4.806 примероци), развиена во соработка со The North Face, внесува дополнителна димензија. Оваа специјална верзија комбинира уникатен дизајн инспириран од планински релјеф, со издржливи материјали и теренски перформанси, подготвени за најекстремни услови. Со ова Jeep додава нова стратешка предност во стилот, перформансите и духот на авантурата, нудејќи им на возачите уште поголема слобода при изборот – вредност што го движи лидерството на Avenger во неговата класа.

- Advertisement -

„Фактот што достигнавме 200.000 нарачки е директен резултат на нашата стратегија: разновидна и прилагодлива понуда на погонски системи, иконичен дизајн, силна комуникација и карактеристики што целосно го отсликуваат Jeep ДНК-то. За помалку од една година, Avenger го удвои обемот на нарачки, со пораст од 16% кај електричните и 50% кај хибридните модели. Денес, 66% од купувачите избираат електрифицирана верзија, што ја потврдува растечката побарувачка за одржливи и иновативни решенија“, изјави Фабио Катоне, шеф на брендот Jeep за проширена Европа.

Последната ТВ реклама за моделот 4xe, во која се појавуваат познати спортисти, комбинира инспирација, авантура и иновација – дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Jeep како избор на начин на живот. Резултатите се видливи: помлада просечна возраст на купувачите, сѐ поголем интерес кај жените и раст на продажбата кај семејствата – што ја истакнува ефикасноста на Avenger како возило за секојдневна мобилност.

Значајна е и стапката на привлекување нови клиенти: три од четири купувачи првпат се одлучуваат за Jeep, што ја потврдува способноста на брендот да придобие публика од конкуренцијата и да се етаблира како доверлив избор за секојдневна употреба.

Avenger не нуди само избор – тој нуди можности во секоја своја варијанта. Без разлика дали купувачот ќе се одлучи за бензинска, e-хибридна, целосно електрична или 4xe верзија, секој модел содржи елементи од богатото наследство на Jeep во издржливост и функционалност, а притоа ја задржува и еколошката одговорност. Со тоа, секој Avenger е подготвен со сигурност да се справи со градски улици, рурални патишта или планински предели, овозможувајќи совршена комбинација на практичност, слобода и технологија – сѐ тоа во духот на Jeep.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Возите туѓ автомобил? Еве кога ви треба овластување – и кога не

Кој ќе биде Светски автомобил на годината за 2026? Објавени финалистите

Маск: Тесла ќе го претстави „Роботакси“ на 8 август

Германија со мало зголемување на извозот на автомобили

Тојота повлекува речиси 600,000 возила поради проблеми со дисплејот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Автомобилизам

Најбезбедни автомобили за 2024 година

Четворица поранешни менаџери на Фолксваген осудени за измама во скандалот со емисиите на дизел гориво

Автомобилизам

Разликата помеѓу брзинометарот во автомобилот и Google Maps: Зошто се разликуваат брзините?

Автомобилизам

Тесла со помала продажба во првото тримесечје од годината

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?