Работните акции до пред нешто повеќе од 35 години беа редовна активност во летниот период. Благодарение на овие работни акции низ целата Југославија беа изгадени илјадници километри пат, бројни згради, спортско-рекреативни центри, болници … Во архивска емисија која датира од 1978 година, РТВ Скопје потсетува како младите го изградиле автопатот Куманово – Велес.