Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Карпош: Отворен првиот центар за престој на деца со попреченост

Сподели

Во рамки на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, денеска беше пуштен во употреба Центарот за стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи, кој воедно е и прва установа од овој тип во нашата држава. Од тој аспект, Општина Карпош е првата локална самоуправа којашто ги препозна можностите што ги нуди Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ).

Имено, Општината преку Секторот за дејности од јавен интерес или поточно преку Одделението за социјална заштита, аплицираше со два проекти,  кои беа одобрени и ги исполнија строгите критериуми на Светска банка и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува речиси 1.900.000 денари, од кои максималниот износ на одобрен грант за воспоставување на услугата на МТСП се движи во висина од 1.100.570 денари. Македонското Монтесори Здружение го ко-финансира проектот со 494.400 денари (Монтесори сет и мебел), додека пак Општина Карпош го поддржува проектот со 304.910 денари.

Имајќи в предвид дека во претшколските установи нема вработено специјални едукатори и рехабилитатори, овој Центар е од големо значење не само за децата со попреченост и нивните семејства, туку и за воспитниот и наставниот кадар. Од особена важност е што децата од оваа социјална категорија, преку соодветната поддршка добиена во Центарот ќе можат полесно да се адаптираат во детските градинки и во основните училишта. Инаку, локалната самоуправа во рамки на Центарот овозможи изградба на пристапен тоалет и пристапна рампа, кои се прилагодени за потребите на дечињата со попреченост.

- Advertisement -

На отворањето присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателката на Македонското Монтесори Здружение, Билјана Стерјадовска Стојчевска.

Во оваа пригода, градоначалникот Јакимовски се заблагодари за успешната соработка  со сите вклучени страни во проектот и искажа искрено задоволство, што токму во општина Карпош се отвора ваков Центар за поддршка на деца со попреченост.

„Од името на Општина Карпош би се заблагодарил на оваа заедничка соработка, пред сé со Монтесори, но во исто време и за поддршката што ми ја даде Министерството за труд и социјална политика и Светска банка. Аплициравме на два проекти од кои и двата ни се одобрени, а еден од нив е и овој, отворање на Центар за поддршка на деца со попреченост, во кој децата ќе престојуваат одреден временски период. Тука тие ќе добиваат стручна помош, сé со цел полесно да се вклопат и полесно да ги прифатат предизвиците што ги носи животот, образовниот процес и сé она што следи во иднина. Особено ми е драго што ова е прв центар во Македонија и го отвараме овде, во нашата општина“ – истакна Јакимовски.

Во таа насока говореше и министерката Тренчевска, која ја потенцираше улогата на сите чинители, вклучително и општините, кои со своите активности придонесуваат кон подобрување на системот за обезбедување на квалитетни социјални услуги, кои се темелат врз одржлива основа.

„Денеска го одбележуваме почетокот на работа на новиот Центар за индивидуални третмани на деца со попреченост во Општина Карпош. Отварањето на овие центри се од особено значење бидејќи тоа значи дека вложуваме во напредокот на децата со попреченост, како и во поддршката на родителите. Дечињата кои ќе ги користат услугите на овој Центар, ќе добиваат индивидуални третмани според нивните потреби, а сето тоа ќе биде во согласност со добиените препораки од стручни лица. Главната цел на социјалната реформа е подигнување на квалитетот на живот за сите граѓани“ – посочи Тренчевска.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Земјотрес од 2 степена по Рихтер регистриран во Скопје

Словачката амбасадорка Хрицова во посета на Општина Охрид

Отворањето на изложбата „Регенерација“ на уметниците Ивановска, Зафировска и Кировска во Битола

Општина Карпош: Одбележан светскиот ден на учителот

“Куманово 2025” – Меѓународен тамбурашки фестивал

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Без вода корисниците на дел од улиците „Ловченска“ и „Леринска“ во Општина Карпош

Дел од Кондово утре без струја

Локално

Делчево – центар на музичките збиднувања наредните денови

Локално

Одбележани 80 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?