Земјотрес од 2 степена по Рихтер регистриран во Скопје

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) – Земјотрес со локална магнитуда од 2 степена по Рихтер е регистриран попладнево во 14 часот и шест минути со епицентар во скопско епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

-Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.

Од Хатка Смаиловиќ/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава