Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Библиотека

„Ќе дојде време народот да ви суди за сите злосторства!“

Сподели

Еден од многуте македонски херои кои буквално загинале за слободна Македонија бил Благој Давков. Роден на 21 јануари 1921 година во Скопје, Давков бил машинобравар, комунистички деец и учесник во НОВ. Давков кој бил познат и под прекарот „Давката“ бил роден во работничко семејство.

Соочен со егзистенцијални предизвици Давков ја напушта гимназијата и зпаочнува со изучување занает за брзо потоа да стане бравар. Како бравар учествувал во штрајковите кои биле организирани од страна на металските работнилници.

Како млад работник започнува да ги посетува состаноците кои ги организирал Дане Крапчев со младиницте во Дебар Маало.

- Advertisement -

Во 1938 година работел во фабриката на Папа Теодоси, кога се вклучил во УРС-овите синдикати. Тука организирал и партиска организација. Од пролетта 1940 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ), а од септември истата година и член на месниот комитет на КПЈ во Скопје. Бил иницијатор и организатор за создавање на поголем број партиски ќелии низ градот. Непосредно пред војната тој бил затворен и покрај тоа што бил стpaшнo мачен, тој не признал ништо за својата комунистичка дејност. По капитулацијата на стара Јутославија, самоиницијативно собирал оружје, кога меѓудругото прибрал и еден митралез. Со своите другари се определил за безкомпромисна оружена борба против окупаторот.

На почетокот на 1941 година се приклучува во антифашистичката броба. Набрзо станува член на диверзантска група на НОАВМ. Поради неговата храброст, посветеност и бестрашливост тој успева многу брзо да биде почитуван и важен член во организацијата. Од 22 август 1941 година е борец на Првиот скопски народноослободителен партизански одред, а по неговото расформирање се илегализирал во Штип. Во мај 1942 година се сели во Велес каде се приклучува на тамошниот партизански одред „Димитар Влахов“.

Во сите села каде влегувал одредот, држел говори и бил ценет како убедлив агитатор. Во октомври 1942 година, со една чета од одредот заминал на скопските терени, за да се поврзе со партизаните во Скопска Црна Гора. Останал илегално неколку дена во Скопје, а потоа се префрлил на Скопска Црна Гора, во скопскиот партизански одред, со задача да подготви терен за здружување на двата одреда. По извршувањето на задачата се вратил во Скопје. До крајот на октомври 1942 година бил член на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“, а потоа се префрлил во Вториот скопски НОПО (октомври-декември 1942 г.).

Во јануари 1943 година паднал во рацете на бугарската фашистичка полиција. И покрај сите тортури имал херојско држење. Бидејќи на 9 мај 1942 година во отсуство, веќе бил осуден на смрт, со бесење, не му било повторено судењето. Бил затворен во таканаречената ќелија на смртта.

Кога на 21 јануари 1943 година бил изведен на бесилка, последните негови извици биле:

Да живее КПЈ и Народноослободителната борба!
Долу џелатите на народот!
Ќе дојде време народот да ви суди за сите злосторства!

Потем бил претепан од Бугарската полиција и онесвестен бил обесен. Така згаснал животот на неговиот роденден, на овој истакнат револуционер, кој без жалење се жртвувал за слободата на својот народ.

Благој Давков
Благој Давков

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Прославувањето на 1-ви мај во бригадата

Како умре Васко Карангелевски?

Благоја Чоревски ја рецитира „Земја“ од Вапцаров

Потребата од тишина

Благоја е фатен и ликвидиран

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Библиотека

Земја – Никола Вапцаров

Библиотека

Рибата е црвена

Библиотека

Перушка Ефтимова Грујовска – жената од Лазарополе што ја отвори куќата за слободата

Библиотека

Разбивање на Бугарските колони на Голак, Обозна и Лаки

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?