Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

Која била единствената жена претседател на Собранието на Македонија?

Сподели

Само една жена во досегашната историја на Македонија ја извршувала функцијата Претседател на Собранието. Се работи за помалку познатата Ката Лахтова.

Родена е на 30 август 1924 година во Радовиш. Од 1944 година е учесник во НОБ, кога што била примена и за член на Комунистичката партија на Југославија. Во НОБ била политички комесар на чета и заменик политички секретар на баталјон.

Во својата долгогодишна работа и активност од ослободувањето на земјата до крајот на нејзиниот живот (24 февруари 1995 година), се здобила со богато искуство, извршувајќи притоа повеќе одговорни раководни должности и функции во органите на Републиката и во општествено-политичките организации. Била секретар на Околискиот комитет на КПМ во Радовиш, член на Управата за агитација и пропаганда на ЦК СКМ, секретар на Општинскиот комитет на КПМ – Охрид, секретар и претседател на Комисијата за статутарни прашања на СКМ, член на Централниот комитет на СКМ, член на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, претседател на Конференцијата за општествена активност на жените, член на Секретаријатот на Сојузниот одбор за општествената положба на жените на Југославија, делегат на Собранието на СРМ во Собранието на СФРЈ, претседател на Општествено-политичкиот одбор на Собранието на СРМ и потпретседател на Собранието.

- Advertisement -

Својствено за времето во кое што дејствува и работи, Ката Лахтова се пројавува како голем борец за развој на општествено-политичкиот и економскиот живот, за изградбата на општеството врз самоуправни односи, за доминантната улога на работничката класа, а се залага и за развивање и јакнење на братството и единството, рамноправноста и заедништвото на македонскиот народ и народностите.

Со своите работни, стручни и морално-политички квалитети и способности се стреми за примената и развивањето на колективната работа и одлучувањето, за остварување на личната и колективната одговорност, а се пројавува и како борец против антисоцијалистичките и антисамоуправните појави, како и против сите видови национализам, сепаратизам, шовинизам, иредентизам итн.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

38 години без Драган Ѓаконовски – Шпато

Само за МАКЕДОНИЈА нека се веат знамиња и нека грмат тапани победнички!

Во само еден ден убија над 100 селани – 80 години од големиот масакр во Штипско и Кочанско

Сведоштво на Глигоров за Методија Андонов Ченто (ВИДЕО)

Бугарски масакр врз Поречието: 103 селани ликвидирани на Бадник

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македониум

83 години од загинувањето на Благој Кирков

Македониум

На денешен ден 885 год. умрел и бил погребан Свети Методиј

Македониум

71 година од смртта на Димитар Влахов

Македониум

31 година без Блаже Конески

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?