Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

71 година од смртта на Димитар Влахов

07.04.2024 07:11
Методија Андонов-Ченто, Виктор Мануел Виласењор, претставник на Организацијата на Обединетите Нации, Димитар Влахов и други, во Битола, февруари 1946.
Сподели

На денешен ден 1953 година во Белград починал македонскиот револуционер, општественик и државник Димитар Влахов. Влахов бил деец на Македонската револуционерна организација, Народната федеративна партија, Солунската социјалистичка федерација, ВМРО (Автономистичка), ВМРО (Обединета), Бугарската комунистичка партија, Комитерната и Комунистичката партија на Југославија.

Бил роден на 8 ноември 1878 година во Кукуш. Во периодот од 1894 до 1897 година учел во Солунската машка егзархиска гимназија. Средно образование завршил во Софија, а потоа образованието го продолжил во Германија и Швајцарија каде учел хемија.

Есента 1903 година се вклучува во македонското национално-ослободително движење. Во 1904 година кратко време е член на ЦК на ТМОРО и раководител на ТМОРО во Солун. Уапсен е во 1904 година и останува во затвор до 1905 година.

Банер Банер BrandEcho

Во 1908 година бил избран за пратеник во отоманскиот парламент, како претставник нал евицата на македонското ослободително движење. Таму често говорел за самоволието на младотурската власт над македонското население. Учествувал и во редактирањето на весникот „Единство“, а бил и еден од основачите на Народната федеративна партија.

По Балканските војни активно учествувал во активности поврзани со македонското прашање.

„Македонското движење не е ниту бугарско, нити грчко, нити српско. Македонија е земја што заслужува да биде една одделна единка, чиј народ е посебен народ во смисла на тие на соседните балкански земји, тој има своја историја, своја култура, своја непрекината во текот на десетици години револуционерна дејност за ослободување и тој народ има свој голем придонес во делото на општословенската култура“.

Бил еден од најзаслужните за потпишувањето на т.н. Мајски манифест. Бил и противник на вклучувањето во ВМРО Обединета поради влијанието на Ванчо Михајлов и бугаризмот.

Влахов бил член на Бугарската комунистичка партија. Претходно под негово влијание Комитерната изготвила Резолуција на македонското прашање со кое се потврдува односно признава постоењето на македонска нација и македонска национална свест.

Од 1936 до 1944 година живее во СССР. По нападот на Германија врз СССР во јуни 1941 година, на 10-11 август 1941 година учествува во работата на Сесловенскиот конгрес како претставник на македонскиот народ. Влегува и во составот на Президиумот на Сесловенскиот комитет. На Второто заседание на АВНОЈ на 29 ноември 1943 година во отсуство е избран за член на неговото Претседателство. Избран е и за делегат на Првото заседание на АСНОМ.

ЧИТАЈ: Првата верзија на македонската химна со Димитар Влахов во текстот

Во ноември 1944 се враќа во штотуку ослободеното Скопје и преминува во членство на Комунистичката партија на Македонија. На 26 ноември, на Првата конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија, тој е избран за негов претседател, а на Второто заседание на АСНОМ во декември е избран за член на Президиумот на АСНОМ. На Третото заседание на АСНОМ во април 1945 година станува член на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

На Вториот конгрес на Народниот фронт на Македонија во мај 1948 година Влахов е избран за претседател на Народниот фронт на Македонија, а на Шестиот конгрес на КПЈ, во ноември 1952 година е избран за член на Централната ревизиона комисија на Партијата. Умира во Белград во 1953 година.

Влахов не беше ориентиран ниту кон Бугарија, ниту кон Југославија (која тогаш водеше политика на крут централизам), туку кон Советскиот Сојуз, со чија помош тој се надеваше да постигне обединување на јужно-словенските народи каде Македонија би формирала одделна, автономна федерална единица.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

22 септември 1946 

Верзијата на македонската химна за која сигурно не сте знаеле

157 години од раѓањето на македонскиот национален херој – Петар Поп Арсов

На денешен ден 1903 година напишан бил „Крушевскиот манифест“

„Очи“ од устата на Ацо Шопов (ВИДЕО)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

85 години од раѓањето на Ристо Шишков

Македониум

На денешен ден Ѓорѓи Сугарев бил предаден од Параловци

Македониум

Предаден па смртно ранет – 83 години од смртта на Орде Чопела

Македониум

116 години од раѓањето на Никола Парапунов

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?