Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Која е постапката за доброволно служење на воен рок во АРМ?

ФОТО: АРМ
Сподели

Согласно член 62 од Законот за одбрана („Службен весник на РМ“ број 185 од 30.12.2011 година) сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за воена служба можат доброволно да се упатат на служење воен рок по наполнување на 18 години, но не подоцна од наполнети 26 години.

За доброволно служење воен рок во Армијата се поднесува барање и тоа право го има секој државјанин на Република Македонија од машки и женски пол и за поднесување на истото нема определен рок.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОСТАПКА

- Advertisement -

Барањето за доброволно служење на воен рок во Армијата се поднесува лично од страна на граѓанинот до Министерството за одбрана – Одделението за одбрана во местото на живеалиште односно престојувалиште на граѓанинот, односно каде се води во воената евиденција. (Одделенија за одбрана за региони – градови и општини во Република Македонија).

Образецот од Барањето за доброволно служење на воен рок во Армијата може да се преземе тука, како и на шалтерите во Одделенијата за одбрана во Република Македонија.

По приемот на барањата за доброволно служење на воен рок, Одделенијата за одбрана во Република Македонија формираат евиденција, по што се организира спроведување на лекарски прегледи и психолошки испитувања.

Одделенијата за одбрана во Република Македонија по добивањето планот и списоците со одредени термини за извршување на лекарските прегледи и психолошките испитувања ги известуваат, односно повикуваат граѓаните кои веќе поднеле барање.

Лекарските прегледи и психолошките испитувања се извршуваат во Воено медицинскиот центар во Скопје и вообичаено траат до 2 дена.

По завршувањето на лекарските прегледи и психолошките испитувања граѓаните кои од страна на Военолекарската комисија на Министерството за одбрана се оценети со оценката „исполнува критериум за воена служба“ веќе се кандидати за доброволно служење воен рок и истите се планираат да бидат упатени на доброволно служење на воен рок во Армијата.

Упатувањето на доброволно служење на воен рок во Армијата се врши врз основа на прикажани потреби на Армијата и во случај на надминување на потребниот број во одреден упатен рок, тогаш се применува принципот на редослед на пријавување, а останатите граѓани ќе се планираат да бидат упатени во наредниот упатен рок.

Доброволното служење на воен рок во Армијата се врши во три упатни рокови: февруари, јуни и октомври, во една календарска година, во времетраење од 3 месеци и се служи во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес.

Согласно членот 7 од Правилникот за времето и начинот на упатување на граѓаните на отслужување на воениот рок и постапката за прекин на служењето на воениот рок и отпуштање на војниците од Армијата („Службен весник на РМ“ бр.44/2007), кандидатот може да се откаже од служењето на воениот рок, од денот на поднесувањето на барањето до денот на приемот на поканата за упатување на служење на воен рок.

Кандидатот на кој му е врачена поканата за упатување на служење на воен рок, може да се откаже од служењето, најдоцна 10 дена од денот на приемот на поканата.

Кандидатот може да се откаже од служењето на воениот рок со поднесување на лична изјава за откажување.

Повеќе инфо може да прочитате ТУКА.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Продолжува гасењето на пожарот кај кочанското село Пресека, пожарникарите добија поддршка од хеликоптери

Странските туристи доминираат: над 109 илјади посетители во октомври

Тошковски: Со САД заедно кон подобрување на реформите во МВР

Заталкан куршум оштети возило во Скопје

Општина Кочани: Долгот намален за над 25 милиони денари

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

На денешен ден 2002 година амнестирани Али Ахмети, Велиу и Шаќири

Македонија

Локалните избори: Кандидатите ќе имаат можност за реклама на 329 медиуми

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Македонија

Извештаи за примени донации  во законскиот рок, доставија 33% од вкупниот број на учесници во изборната кампања

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?