Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Забава

Колата е од баба од Германија – ама бабата не постои, а колата последно била у Штип

Сподели

Македонија има едно свето тројство: ракија, скара и „кола од баба од Германија“.
Во еден момент, секој граѓанин има барем еднаш слушнато:
„Оваа кола ја донесе чичко ми од Германија. Возена само до црква и назад. Сè е како од салон!“
Ако сте и вие во потрага по тој свет автомобил, еве еден водич како да го препознаете и преживеете процесот.

Contents
1. „Германска дисциплина“ на балкански начин2. Провери дали „бабата“ навистина постои3. Кога е премногу чиста – нешто не е во ред4. Бонус опрема: секогаш нешто „не доаѓало фабрички“5. „Сè е сменето“ – ама ништо не работи6. „Царинета е“ – ама со српски таблици и бугарски акцент7. Класични реплики што треба да ве алармираат:Заклучок:▶ Случајно видео

1. „Германска дисциплина“ на балкански начин

Кога ќе слушнете дека колата е од Германија, замислувате:

  • сервисна книшка со печати,
  • сопственик во пензија кој ја чистел со четка за заби,
  • и километража од 78.000 км за 20 години.

Во реалноста:

- Advertisement -
  • колата била користена како службено возило на „Пицерија Кобра“,
  • задната врата не се отвора (кај што „удрил пазарџија со количка“),
  • а километражата е враќана двапати – еднаш во Германија, еднаш во Петровец.

2. Провери дали „бабата“ навистина постои

Во 87% од случаите, баба од Германија:

  • не е баба,
  • не е во Германија,
  • не е ни жива,
  • а ако е жива – не знае дека и се продава колата.

Понекогаш, тоа е само фраза што значи: „Ја купив на отпад од Италија, ама ај не е битно“.

- Advertisement -
Банер

3. Кога е премногу чиста – нешто не е во ред

Ако колата сјае како огледало, а моторот мириса на лимон – знај дека нешто крие.
Во Македонија, ако мотор е чист, тоа не е добар знак – тоа значи дека ден претходно бил капен со керозин и божја молитва.

Совет: барај прашина и масло – тие барем не лажат.


4. Бонус опрема: секогаш нешто „не доаѓало фабрички“

  • Клима? „Оваа серија ја нема со клима, дури и у Германија!“
  • АБС? „Па таму не им требало, не им врне како кај нас.“
  • Навигација? „Се снашол бабата сама – со карта.“
  • Подигнување стакла на копче? „Аман, што ќе ти е, пушти ја раката низ прозор!“

5. „Сè е сменето“ – ама ништо не работи

„Менувано масло, филтри, ремени, акумулатор, дискови, свеќи…“
Тоа е реченица што ја знае секој продавач наизуст.
А кога ќе прашаш за документи:
„Ќе ти ги дадам после, ги заборавив кај вујкото у гаража. Оди кај него, ама само после 17:00, он спие до тогаш.“


6. „Царинета е“ – ама со српски таблици и бугарски акцент

Колата чека регистрација, ама има:

  • документи на германски,
  • хомологација од Романија,
  • сертификат за гас уред од Србија,
  • и налепница од „Божја Рака“ – авто-плац од Виница.

7. Класични реплики што треба да ве алармираат:

  • „Да не ми требаа пари, не ја давам!“
  • „Ова е последната серија пред да ги расипат!“
  • „Дека е од баба, и тој се мислеше дали да си ја врати пак.“
  • „Имам уште две вакви, ама оваа ми беше најмила.“
  • „Ако не ја земеш ти, имам уште тројца што чекаат.“
    (веќе една недела е паркирана со лист хартија на шофершајбна: ПРОДАВАМ)

Заклучок:

Ако успешно преживееш купување кола од „баба од Германија“, си спремен за било што:

  • и за брак,
  • и за државна администрација,
  • и за европски преговори.

Зошто?
Затоа што нема поголем тест за трпение, интуиција и здрав разум.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Логичко прашање, уште пологичен одговор

Не се излегува како порано – и тоа можеби е најдобрата работа што ни се случила

Името е најважно

Само делчевчани ќе го разберат ова (ФОТО)

Дали дигитализацијата и интернетот може да ја заменат магијата на некогашната новогодишна честитка?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Забава

10 придобивки од македонско-британското стратешко партнерство

Забава

Разликата помеѓу полицијата тогаш и сега

Забава

„Јутјуб“ воведува реклами на паузирано видео

Забава

Мапата која ни е позната

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?