Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Константинос Тасулас избран за претседател на Грција

Сподели

Атина, 12 февруари 2025 (МИА) – Поранешниот собраниски спикер и кандидат од владејачката Нова демократија, претпладнево со 160 гласа „за“ од пратениците беше избран за претседател на Грција за време на четвртото гласање во Парламентот за шеф на државата, на кое потребно беше еден од четворицата кандидати да добие најмалку 151 глас, јави дописничката на МИА од Атина.

За Тасулас гласаа целата пратеничката група на Нова демократија, вкупно 156 пратеници, двајцата поранешни членови на владејачката партија, сега независни, како и уште двајца независни пратеници.

Соопштувањето на резултатите од претседателот на Парламентот Никитас Какламанис и изборот на Константинос Тасулас беше проследено со аплауз од пратениците на Нова демократија.

- Advertisement -

Гласањето беше јавно со прозивање на секој од пратениците кои имаат две опции: или да одберат еден од кандидатите или да изјават дека се воздржани.

Поранешниот претседател на Парламентот доби еднаков број гласови како и на претходните три гласања, додека пак имаше промени во гласовите на останатите кандидати со оглед на тоа што пратеничките групи на Нова левица (11 пратеници) и Курс на слобода (6 пратеници) како и дел од независните пратеници решија да отсуствуваат од процедурата за избор на претседател.

- Advertisement -
Банер

Поконкретно, по денешното гласање во кое учествуваа 276 од 300 пратеници:

Константинос Тасулас, кој до неодамна беше претседател на Парламентот, како предлог од владејачката Нова демократија повторно доби 160 гласа.

Поранешниот министер и професор Тасос Јаницис предложен од ПАСОК, доби 34 гласа.

За поранешната пратеничка и министерка од ПАСОК Лука Кацели предлог од СИРИЗА денеска гласаа 29 пратеници, наспроти 40 во претходните три гласања.

За писателот Костас Кирјаку предлог на партијата Победа гласаа повторно 14 пратеници.

Воздржани беа 39, а отсутни 24 пратеници

При првите две гласања одржани на 25 и 31 јануари неопходно беше двотретински мнозинство за да се избере претседател, односно 200 од 300 пратеници, а на третото одржано минатиот четврток неопходни беа три петтини односно 180 гласови „за“.

Петгодишниот мандат на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу завршува на 13 март годинава, кога новиот претседател ќе положи свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата.

Од Сања Ристовска, Грција/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Евростат: Албанските затвори преполни, земјата четврта во Европа по бројот на затвореници

Српскиот премиер Вучевиќ позитивен на коронавирус, на домашно лекување со медицинска терапија

Студентите од Белград тргнаа на протестен марш кон Нови Сад

Косово бара од Западот да преземе мерки против Вучиќ: Запрете го пред да започне војна

Словенечките Хрвати бараат признавање на нивниот статус

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Забрана за фашистички симболи во Арената Загреб

Балкан

Крај на соработката? Како инцидентите можат да влијаат на турските инвестиции во Црна Гора

Балкан

Ердоган: Не смее да му се дозволи на Израел да го прекрши примирјето во Газа

Балкан

Санкции на САД за НИС: Србија се подготвува за тешки времиња

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?