Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Краљевски: Верувам дека граѓаните ќе изберат резултати, не празни зборови

Сподели

Интервју со Зоран Краљевски, кандидат за советник во Општина Карпош од редовите на Коалицијата „Искуство за успех“.

1. Господине Краљевски, што Ве мотивираше да се кандидирате за советник?
ЗК: Мојата мотивација произлегува од желбата активно да придонесам за развојот на Карпош – општина која има потенцијал. Верувам дека со искрена работа, знаење и соработка со граѓаните може да се направи многу повеќе. Сакам да бидам дел од тим кој не ветува само на избори, туку реализира секојдневно.

2. Како го оценувате досегашното работење на градоначалникот Јакимовски?
ЗК: Сметам дека градоначалникот Јакимовски покажа стабилно, континуирано и одговорно управување со Општина Карпош. Во услови на ограничени ресурси и бројни предизвици, тој успеа да го зачува карактерот на Карпош како уредна, зелена и развиена општина. Посебно го ценам неговиот пристап да ги вклучи граѓаните во одлучувањето и да работи на реални, видливи проекти – не на празни ветувања.

3. Кои се клучните приоритети за кои ќе се залагате во наредните четири години?
ЗК: Поддршка на младите и семејствата преку продолжувањето во вложување во образованието, спортот и културата е моја примарна цел. Тука се и субвенциите за возачки дозволи кои изминатите години дадоа одлични резултати. Во наредните четири години ќе продолжи и субвенционирањето на високо енергетски фасади, лифтови, но и купување на електрични возила со што ќе се намали загадувањето на територијата на Општина Карпош. Унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните ми беше приоритет изминатите четири години, а ќе продолжи да биде и во наредните четири.

4. Кои се Вашите очекувања од овие избори?
ЗК: Очекувам граѓаните да направат избор базиран на резултати, не на празни зборови. Верувам дека мнозинството жители на Карпош ја препознаваат разликата меѓу политиканство и реална работа. Нашиот тим има јасна визија, искуство и докажана одговорност и сум уверен дека граѓаните тоа ќе го потврдат со својата доверба.

5. Која е вашата порака до карпошани во пресрет на изборите следната недела?
ЗК: Драги сограѓани, Карпош е наш заеднички дом. Да го чуваме, да го надградуваме и да не дозволиме да стане жртва на дневна политика. Ве повикувам да излезете и да гласате за стабилност, за искуство и за дела што се гледаат. За Карпош кој се развива со план, со ред и со одговорност.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Интервју со Тома Савиќ – поранешен директор на Застава

Интервју

Интервју со градоначалникот Иван Гоцевски: “Ѕвегорска сурова” е живиот симбол на традицијата во Делчево

Интервју

Интервју со Горан Трајковски: Кисела Вода заслужува да се врати на граѓаните

Интервју

Стојковска: Мојата визија е град на надеж, можности и достоинство за секој прилепчанец

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?