На 25 јануари 2026 година, во вечерните часови, полициски службеници на Граничен премин Табановце го лишиле од слобода П.М.Ф.Б. (29), државјанин на Камерун, откако при обид да ја напушти државата приложил туѓа француска лична карта.
При граничната контрола било утврдено дека документот по кој се идентификувал е евидентиран како предмет на потрага од Интерпол, по што веднаш било постапено согласно законските процедури. Дополнителните проверки покажале дека лицето претходно било регистрирано во Прифатниот центар во Визбегово.
Во изјава пред полицијата, осомничениот навел дека француската лична карта ја набавил од лице од Скопје за сума од 1.000 евра.
По приведувањето, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, каде што продолжува постапката. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


