Денешниот ден ќе донесе студено време со променлива облачност и повремени сончеви пробиви. Ќе биде чувствително постудено поради северниот ветер, кој ќе дува слаб до умерен, а на одделни места, особено долж Повардарието и во источните краишта, повремено ќе засилува и ќе достигнува брзини над 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат длабоко под нулата, од минус 13 до минус 5 степени, додека дневните вредности ќе останат ниски и ќе се искачуваат од минус 4 до најмногу 3 степени.
Во главниот град времето ќе биде слично – студено и променливо облачно, со сончеви интервали во текот на денот. Северниот ветер ќе дува со слаб до умерен интензитет, а претпладне во делови од котлината ќе има и засилувања. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до околу минус 9 степени, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време, но со изразено студени утра. Утринските температури насекаде ќе останат во минус, а во вторник на одредени места и дневните вредности ќе се задржат под нулата. Од средината на седмицата се очекува постепено затоплување преку ден, но по котлините ќе има услови за појава на утринска магла, која може да го намали видливоста.

