Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

Македонската кујна како мост- настан што обединува генерации во Швајцарија

30.03.2026 19:49
Сподели

Со љубов кон татковината и силна желба за зачувување на културното наследство, 19-годишната Драгана Стоилова од Злеово, Радовиш стои како главен организатор на трпезата која неодамна беше претставена на настанот “Македонска трпеза”  во Ешалан, Швајцарија. Овој настан не само што ги обединува Македонците во дијаспората, туку и ја доближува македонската традиција, кујна и дух до пошироката публика, создавајќи мост помеѓу корените и современиот живот.

1. Драгана, имаш само 19 години, од каде желбата да бидеш главен организатор на трпезата која беше претставена на настанот “Македонска трпеза” која неодамна се одржа во Ешалан, Швајцарија?
Д.С. Желбата произлегува од љубовта кон македонската традиција и култура, како и од стремежот да придонесам и да бидам дел од вакви значајни настани. Иако сум млада, отсекогаш сум имала мотив да учествувам и да помагам во организацијата. За мене ова беше голема чест, но и одговорност, заедно со друштвото во кое сум член, да ја претставиме македонската кујна на најубав начин.
2. Колку време ви беше потребно за да се организира овој настан?
Д.С. Подготовките траеја неколку месеци и беа резултат на добра организација на друштвото. Со заедничка работа, посветеност и координација, успеавме успешно да го реализираме настанот.
3. Која беше главната цел на настанот?
Д.С. Главната цел беше да се зачува и промовира македонската традиција, култура и кујна, како и да се обедини македонската заедница во Швајцарија.
4. Како ги одбирате традиционалните јадења што беа дел од трпезата?
Д.С. Јадењата се одбираат во соработка со учесниците, при што се внимава да бидат застапени различни традиционални специјалитети од сите краеви на Македонија. Целта е трпезата да биде богата, разновидна и верна на традиционалните рецепти и начини на подготовка.
5. Кои македонски специјалитети предизвикаа најголема заинтересираност кај посетителите?
Д.С. Најголемо внимание привлекоа традиционалните јадења како сарма, тавче-гравче, домашни пити, ајвар и различни видови десерти. Посетителите беа воодушевени – храната многу им се допадна и на крајот речиси сè беше изедено, што за нас претставува најголема потврда за успехот.

6. Тешко ли беше да се набават македонски состојки и производи во Швајцарија?

Д.С. Во одредени случаи има предизвици, но денес во Швајцарија веќе има и македонски производи што значително ја олеснуваат подготовката. Готвачите ја приготвија храната дома и самите ја донесоа на настанот.
7. Што конкретно значи овој настан за македонската заедница во Швајцарија?
Д.С. Овој настан има големо значење бидејќи ги обединува Македонците, ја зајакнува врската со татковината и им овозможува на помладите генерации да ја запознаат и негуваат својата култура и традиција.
8. Како реагираат странските посетители на македонската храна и традиција?
Д.С. Реакциите се исклучително позитивни. Странските посетители покажуваат голем интерес, уживаат во храната и често се пријатно изненадени од богатството на вкусови и традиции.
9. Дали настанот вклучуваше и други елементи од културата (музика, носии, обичаи)?
Д.С. Да, настанот вклучуваше богата културна програма – македонска музика, играорна група, хумористична точка, како и готвачи кои подготвуваа качамак пред присутните, што беше особено атрактивно и привлече големо внимание.
10. Колку луѓе беа вклучени во подготовката на трпезата?
Д.С. Во подготовката на трпезата учествуваа околу 40 готвачи, како и сите ние од друштвото МДД „Македонија“ Ешалан. Особено би сакала да ја истакнам помошта од мојата колешка Слаџана Велкова, која навистина многу придонесе во целиот процес – со својата посветеност, организација и поддршка значително придонесе за успешната реализација на настанот.
11. Кои се идните планови на “Македонска трпеза”?
Д.С. Планот е оваа традиција да продолжи и во иднина, со уште поголема вклученост и нови содржини. Настанот се организира секоја втора година, а нашата цел е да расте, да се збогатува и да стане уште попрепознатлив, како меѓу македонската заедница, така и пошироко, привлекувајќи и нова публика.
Н. Заовска

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонците во Италија го одбележаа Богојавление

Македонски јазик за деца во Германија – еве каде се отвораат паралелки

Во Романија одбележан денот на македонскиот јазик

СМК: 1947 година Бугарија ги призна Македонците

Четиринаесет години постоење на македонскиот весник “Илинден“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Македонците во Норвешка ја одбележаа Света Петка и втората годишнина на својата црковна општина во Осло

Дијаспора и МНМ

Македонски Зелник Фест во Канада

Дијаспора и МНМ

Историски успех за Македонците во Швајцарија: петмина избрани за советници во Ешалан

Дијаспора и МНМ

Комеморација за убиството на Гоце Делчев во Австралија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?