Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Дијаспора и МНМ

Македонската заедница во Швајцарија со историски чекор: пет кандидати на локалните избори во Ешалан

29.01.2026 08:39
Сподели

Македонската заедница во Швајцарија бележи значаен момент во своето политичко и општествено делување. На претстојните општински избори во Ешалан, дури пет кандидати со македонско потекло се најдоа на кандидатската листа за општинскиот совет L’ENTENTE Échallens.

Информацијата ја соопшти Македонско друштво Македонија – Ешалан, кое оценува дека ваквото учество претставува важен исчекор за видливоста и влијанието на Македонците во локалниот јавен живот.

Според Друштвото, кандидатурите се потврда за активното учество на Македонците во развојот на општината, како и за нивната интеграција и придонес во локалната заедница.

Банер

„Учеството на пет кандидати со македонско потекло е јасен сигнал дека нашата заедница е препознаена и уважена како дел од општествениот живот во Ешалан“, се наведува во пораката.

Македонското друштво „Македонија“ – Ешалан ги повика сите швајцарски државјани со македонско потекло:

  • да се информираат за кандидатите,
  • да ги разгледаат програмите и приоритетите на листата L’ENTENTE Échallens,
  • и активно да учествуваат во изборниот процес.

Посебен акцент е ставен на масовна излезност, која се оценува како клучна за зајакнување на гласот и присуството на Македонците во локалната политика.

Јавен повик за излезност упати и Светски Македонски Конгрес, кој ги охрабрува Македонците по потекло со швајцарско државјанство во Ешалан да гласаат за листата на која има пет кандидати Македонци по потекло.

Од таму оценуваат дека станува збор за ретка и историска можност македонската дијаспора да го засили своето политичко присуство и да придонесе кон подобра застапеност на заедницата.

Според иницијаторите, престојните избори претставуваат клучен момент за афирмација на македонскиот идентитет и активното граѓанство во Ешалан – чекор напред кон поголема видливост, интеграција и политичка зрелост на македонската заедница во Швајцарија.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонската заедница во Канада се подготвува за голем музички викенд: концертите на Јордан Митев во Торонто и Виндзор

Македонската култура блеска во Канада – голем настан во Торонто!

Укината е забраната – учениците Македонци ќе може да го користат семакедонското знаме!

МД „Илинден” – Тирана и го честиташе изборот на Спиропали за претседателка на албанскиот парламент

Традицијата не е кривично дело, македонските обичаи нема да згаснат!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Фетаху: Ние сме биле и сме горди Македонци!

Дијаспора и МНМ

Втора македонска вечер во Москва

Дијаспора и МНМ

Утре ќе се осветува камен темелникот на македонската црква во Берлин

Дијаспора и МНМ

Македонски Зелник Фест во Канада

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?