Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Македонски Концепт бара строга забрана на комунистичката пропаганда

05.01.2026 08:18
Сподели

Политичката партија Македонски Концепт денеска го поздрави, како што го оцени, „историскиот чекор“ на Полска и Чешка, кои со законска регулатива ја изедначија комунистичката пропаганда со нацистичката, предвидувајќи затворски казни за нејзино промовирање и финансирање.

Од партијата сметаат дека ваквото законско решение претставува европски стандард и патоказ за целосна интеграција во Европската Унија, посочувајќи дека сличен модел треба да биде применет и во Македонија.

Според Македонски Концепт, првиот чекор треба да биде усвојување на резолуција во Собранието, со која државата јасно би се определила за следење на примерот на Полска и Чешка. Како следна фаза, партијата предлага донесување закон со кој, според нив, би се затворила „правната празнина што овозможува глорификација на тоталитарен режим“.

Банер

Во соопштението се наведува дека комунистичкиот режим извршувал систематски репресии, ликвидации без судски пресуди и прогон на лица кои тие ги нарекуваат „македонски патриоти“, и дека, за разлика од европските држави кои се соочуваат со своето минато, во Македонија сè уште постојат обиди за негова рехабилитација и политичка злоупотреба.

Од партијата ги истакнаа и своите конкретни барања, меѓу кои се:

Ad image
  • криминализација и забрана на јавна употреба на комунистички симболи, говори и собири кои, според нив, поттикнуваат омраза или укинување на основни човекови права;
  • забрана за финансирање на движења и политички субјекти кои промовираат тоталитарни идеи;
  • официјално признавање на, како што наведуваат, криминалите на комунистичкиот режим во Македонија, како основа за историска правда и институционална заштита на идните генерации.

Македонски Концепт ги отфрли обвинувањата од левичарските структури дека ваквите иницијативи претставуваат напад врз демократијата, оценувајќи дека, напротив, демократските вредности се заштитуваат преку јасно разграничување од идеологиите кои, како што велат, вршеле репресија врз сопствените граѓани.

„Македонија не може да биде целосно функционална европска демократија без јасно соочување со тоталитарното минато“, порачуваат од партијата, додавајќи дека нивната визија е „европска Македонија ослободена од идеолошки наследства кои ја ограничувале слободната мисла“.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Возило излетало од коловозот, од здобиените повреди починал возачот

18 октомври: „Вешта жена“ во организација на Здружението на слепи лица- Гевгелија

Општина Делчево: Започна изградбата на ул „Видое Смилевски-Бато“ во населба Расадник

Драма во Скопје: Судир со мопед, возачот со тешки повреди побегна од местото!

Еден осомничен за обид за изнуда и закани кон градоначалник

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

АК-47 и митралези во дом на пензионер – полицијата открила тајно складиште за оружје

Македонија

Тошковски: Пожарите можеби со политички позадини

Македонија

(ВИДЕО) Возел „порше“ со 272 км/ч на автопатот Скопје-Велес, поминал со опомена – поведена постапка против началници и полицајци

Локално

Судењето за родителот кој нападна фудбалери на ФК Брегалница одложено за 29 септември

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?