Драма во Скопје: Судир со мопед, возачот со тешки повреди побегна од местото!

ФОТО: МВР

Сообраќајна несреќа со сериозни последици се случила вчера попладне во Скопје, при што тешко е повреден малолетник.

Инцидентот се случил околу 15:50 часот на крстосницата меѓу улицата „Војвода Васил Чакаларов“ и сервисна улица, каде што дошло до судир помеѓу патничко возило „форд“, управувано од 40-годишна жена од Скопје, и мопед.

По несреќата, возачот на мопедот го напуштил местото на настанот, оставајќи го повредениот сопатник.

Во судирот, 16-годишен сопатник од мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот кој избегал.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава