Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Макпрогрес со официјална изјава

Сподели

Во текот на вчерашниот ден околу 18:30 часот избувна голем пожар во кој во целост изгоре еден производен погон со три модерни софистицирани автоматизирани линии за производство на наполитанки, вафел барови и тортички, заедно со два магацини од кои еден за суровини и еден за готови производи во нашата главна кондиторска фабрика Винчини во Виница.
Вчерашниот ден беше еден од најтешките денови кои сме ги доживеале.

Најважно за сите нас е дека немаше човечки жртви – сите наши вработени се безбедно евакуирани како и дека нема жртви кај противпожарните служби кои храбро го гаснеа пожарот во текот на целата ноќ.

За жал, во текот на интервенцијата 12 лица беа хоспитализирани – 3 пожарникари и 9 наши вработени. Од нив, 8 вдишале чад, а 4 се со полесни изгореници. Денеска тим од Макпрогрес ги посети хоспитализираните во болниците во Кочани и Скопје и им посака брзо закрепнување.

На сите сили кои учествуваа во справувањето и гасењето на пожарот им упатуваме огромна благодарност за нивната храброст и пожртвуваност. Пожарот и после 27 часа од избувнувањето е сè уште активен на две места со помал интензитет и според надлежните служби нема ризик за дополнително проширување.

Благодарност до сите институции, пожарникари од повеќе градови, доброволни пожарникари, медицински екипи, полиција, Црвен крст, Стопанската комора, бизнис заедницата, локалните власти, доброволците, граѓаните и сите кои на било кој начин дадоа свој придонес и помош.

Во следните денови ќе упатиме посебни благодарности до сите кои учествуваа во интервенцијата.

Надлежните институции веќе работат на проценки за причините и последиците од пожарот. Причината за пожарот се истражува и апелираме да се почекаат официјалните известувања од надлежните органи.

Макпрогрес останува посветен на своите вработени, партнери и заедницата.
Фабриката Винчини ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа. И тоа пак во Виница. Но потребно ни е време за тоа, време во кое ќе мораме да направиме план за консолидација на производните линии кои останаа во функција а со крајна цел сите вработени кои физички ги изгубија своите работните позиции да ги прераспоредиме на други производни линии и да успееме да ги задржиме сите вработени на работа.

На сите наши производи продажните цени ќе ги задржиме ниски и достапни за потрошувачите како и досега, а дополнително некои цени и ќе ги намалиме како би поттикнале поголема продажба.

Заедно со Стопанската комора и сите ланци на маркети ќе направиме напори и ќе дадеме сè од себе да успееме, вработените да ги работно ангажираме со цел да ги задржиме работните места. На сите клиенти и потрошувачи им благодариме однапред за сета поддршка и солидарност.

Солидарноста која ја видовме вчера и денес уште еднаш потврди дека Македонија знае да застане заедно кога е најтешко.
Со секоја нова и значајна информација, јавноста ќе биде навремено информирана.

Со неизмерна благодарност и почит,
Глигор Цветанов
Александар Цветанов

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Прекинато водоснабдување на две улици во Општина Аеродром

76-годишен возач удри две деца во Скопје – двете се борат за живот

Рекордни приходи од патарини – најмногу пари донесе наплатната станица „Романовце“!

Заврши собирањето потписи – само 7 кандидати успеаа да соберат над 10 илјади потписи

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

ДИК објави: Потврдени 303 кандидатски листи за градоначалници

Македонија

Коалиција Вреди: Придобивките од Охридскиот договор се посилни од обидите за негова приватизација

Македонија

РСБСП со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртвите во сообраќајот“

Македонија

Јаневска: Отворени сме за дијалог со СОНК

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?