Заврши собирањето потписи – само 7 кандидати успеаа да соберат над 10 илјади потписи

Вчера во 20 часот заврши процесот на собирање на потписи за кандидати за Претседател на Македонија за претстојните редовни избори.

Од купно 15 кандидати само 7 успеаа да ги соберат потребните потписи. Најмногу собра Гордана Слијановска Давкова и тоа 28.086 потписи додека нејзиниот конкурент Стево Пендаровски собра 22.413 потписи. Над 10 илјади потписи според официјалните податоци на ДИК собраа уште и Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Арбен Таравари и Билјана Ванковска.

Мерсиха Смаиловиќ успеа да собере 3.114 потписи, а над илјада потписи собра само Вело Марковски. Ѓорѓи Манасков и Зорица Цветковска собраа 496 односно 293 потписи додека пак Господин Попоски 147 потписи. Драган Николовски собра 8 потписи, Гоце Ристов само 6 додека пак Томе Николоски не успеа да собере ниту еден потпис.

КАНДИДАТВКУПНО
1Вело Марковски1668
2Билјана Ванковска Цветковска10568
3Томе Николоски0
4Бујар Османи11085
5Господин Попоски147
6Максим Димитриевски11605
7Стевчо Јакимовски11292
8Ѓорѓи Манасков496
9Арбен Таравари10708
10Мерсиха Смаиловиќ3114
11Зорица Цветковска293
12Стево Пендаровски22413
13Гордана Силјановска Давкова28086
14Гоце Ристов6
15Драган Николовски8

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава