Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

РСБСП со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртвите во сообраќајот“

16.11.2025 14:49
Сподели

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) со соработка со МВР, Факултет за безбедност-Скопје, како и останатите партнери на ден 16.11.2025 во Градскиот парк во Скопје го одбележа „Светскиот ден на сеќавање жртвите од сообраќајни незгоди“.

На одбележувањето на настанот, од страна на претседателот Горан Ангеловски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, заеднички беа испратени силна пораки за почитување на животот и за потребата од градење на повисока сообраќајна култура.

Претседателот Ангеловски истакна дека РСБСП изминатиот период активно работи со нов пристап на кампањите преку едукација, превенција и подигнување на јавната свест.

Ad image

„Овој ден не е само момент на тага – тој е повик. Повик до сите нас, граѓани, возачи и институции, да се соочиме со реалноста која секојдневно носи нови загуби. Секој живот изгубен на патот остава длабоки траги, не само врз семејствата, туку и врз општеството. Не е доволно само да жалиме, мораме да делуваме“, порача Ангеловски.

На овој ден не треба да се заборави дека безбедноста во сообраќајот не е само индивидуална одговорност, туку заедничка мисија. Во таа насока директорот на БЈБ, Александар Јанев, ја истакна важноста на партнерството меѓу институциите и граѓаните.

Банер Банер BrandEcho

„Тие животи не се бројки. Тоа се имиња, лица и индивидуални приказни што предвреме завршиле. Не смееме да дозволиме македонските патишта да станат поголемо бојно поле по згаснати животи отколку реалните воени конфликти. Токму затоа сите ние како граѓани, родители, возачи, како дел од општеството и како институции имаме заедничка обврска да ја подигнеме свеста, да влијаеме со личен пример и со секојдневни разговори да градиме подобра сообраќајна култура“, истакна директорот Јанев, додавајќи дека полицијата е само една алка од целиот систем.

Во рамки на настанот симболично беа пуштени балони со бројот 142 кој го означуваат и бројот на загинати лица во 2024 година, како и симболичен марш низ Градскиот парк во чест на жртвите во сообраќајни незгоди. Притоа, беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака да се присетиме на вредноста на човековиот живот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Во реализацијата на овој настан активно учество зедоа и учениците од сообраќајната секција на АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје.

Во текот на наредните денови низ градовите ширум Републиката, РСБСП во соработка со Општинските совети (ОСБСП) и МВР продолжуваат со реализација на активности за одбележување на „Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“.

РСБСП апелира: Нека денешниот ден биде потсетник, но и нов почеток – кон одговорно однесување, кон живот, не кон смртта – „секој живот е важен“!

Извор:rsbsp.org.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Државата ги засилува своите капацитети, показна вежба на специјалните единици за спасување од жичарница

ДУИ објави нови кандидати за градоначалници во Долнени, Пласница и Бутел

Заврши 17. издание на Меѓународниот театарски фестивал “Свети Јоаким Осоговски“

СДСМ: Очајните спинови за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Бесправна градба на Шар Планина – кога профитот е поважен од природата?

Македонија

Вицепремиерот Фетаи избегнува да комуницира на македонски јазик

Македонија

Филипче бара оставки поради неадекватно управување со кризата во Трубарево

Македонија

МВР поднесе кривични пријави до ОЈО за 43 лица поврзани со измами со „брзи кредити“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?