Жителка на Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат на подрачјето на Маџари, додека се движел со уште двајца негови другари кон фудбалски натпревар.
Настанот бил пријавен на 18 јануари 2026 година околу 13:15 часот, а според пријавата, децата се упатиле кон фудбалскиот стадион Борис Трајковски за да следат натпревар.
Според наводите, група неколку лица со фантомки, најверојатно малолетници, физички го нападнале детето, при што употребиле и тврди предмети. Во текот на нападот, двајца од напаѓачите го снимале инцидентот со мобилен телефон.
Од надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на лицата инволвирани во нападот.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


