Брука и кукавичлук: Тротинетист прегази баба и ја остави да лежи на улица

Во Тетово, вчера околу 14:35 часот, се случи инцидент на ул. „Горна чаршија“, кога електричен тротинет удри во 76-годишната пешачка И.Ф. По ударот, возачот на тротинетот го напушти местото на настанот, оставајќи ја жената со тешки повреди.

И.Ф. беше пренесена во Клиничка болница Тетово, каде што и беа констатирани сериозни повреди. Полицијата од СВР Тетово веднаш изврши увид на местото на несреќата и започна истрага за идентификација на возачот на тротинетот.

Службите работат на расчистување на случајот и преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое избегало по инцидентот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава