Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

„Матица македонска“ ја објави книгата „Македонија не е Грција“ од Ердоѓан Ознал

14.08.2025 22:26
Сподели

„Матица македонска“ го издаде преводот на македонски јазик на книгата „Македонија не е Грција“, авторство на Ердоѓан Ознал — турски генерал и истражувач на балканските прашања. Ова капитално дело првпат беше објавено во Анкара во 1993 година и предизвика силна реакција во грчката јавност. Книгата ја отфрла грчката теза дека Македонија е дел од Грција и нагласува дека македонскиот народ е посебен, со своја историска, етничка и јазична посебност.

Авторот, генерал Ознал, користи богата документација од османлиските и турските воени архиви, кои ја прикажуваат вистинската слика за македонската историја и култура. Тој нагласува дека Македонија никогаш не била грчка, и дека македонскиот народ секогаш постоел како посебна заедница.

На симпозиум во Грција во 1993 година, Ознал се спротивстави на грчките тврдења дека „Македонија е Грција“, што предизвика молк во салата и ја инспирираше оваа книга.

Банер Банер BrandEcho

Во книгата се презентирани и податоци за демографијата на Македонија од 19 и почетокот на 20 век, прикажани преку османлиските архиви, како и информации за жестоката асимилаторска политика на Грција кон Македонците. Ознал го посочува и геноцидот врз македонското население во периодот 1913-1918 година, кога голем број Македонци биле присилно протерани од Егејска Македонија.

Авторот исто така го поврзува историскиот однос на Грција кон Македонија со актуелните проблеми по нејзиното осамостојување и ја нагласува важноста од признавање на македонскиот национален идентитет.

Ad image

Книгата предизвика силни реакции во Грција, а и покрај тоа што ставовите не се официјална политика на Турција, факт е што била печатена во печатницата на турскиот Генералштаб, што ѝ дава полуофицијален карактер.

Инаку, Ердоѓан Ознал има македонско потекло — неговиот татко е роден во Дојран, а тој во 2017 година ја посети Македонија и ги посети местата за кои слушал од својот татко.

Во текот на овој месец, „Матица македонска“ организира акција со попуст од 50% на книги поврзани со македонскиот национален идентитет. До крајот на август, ќе бидат објавени и нови изданија за важни прашања од македонската историја и сегашност, а „Македонија не е Грција“ е дел од тие изданија.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари…“

„Кралу Александру, еве ти ја Македонија“

72 година од смртта на Димитар Влахов

Цензура и репресија: Режимот на Метаксас го забрани македонскиот јазик во Егејска Македонија

Ѕверски избоден со бајонети – 80 години од убиството на Ацо Караманов

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Извршил самоубиство, за да не падне во рацете на бугарските фашисти – 81 година од смртта на Тодор Ангеловски

Македониум

110 години од пеколот во Долгаец – За еден ден убиени 315 селани, голем дел деца и жени

Македониум

Предаден и убиен на денешен ден: Трагичната приказна за Орде Чопела

Македониум

„Везилка“ од устата на Блаже Конески

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?