Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

Ѕверски избоден со бајонети – 80 години од убиството на Ацо Караманов

07.10.2024 11:55
Сподели

На само 17 години, на денешен ден 1944 година во Смојмирово, Беровско, убиен е Ацо Караманов, македонски поет и учесник во НОБ.

Караманов бил роден на 31 јануари 1927 година, во Радовиш, во семејството на Васил и Софија. Кога имал само три месеци, неговото семејство го напуштило родното место поради службата на таткото и отишле прво во Белград, потоа и во други места низ Србија, но во село Велико Орашје се задржале повеќе години. Таму, Ацо го завршил основното образование и благодарение на неговиот учител кај малиот Караманов рано се јавила љубовта кон книжевноста. Своите први стихови тој ги напишал уште во второ одделение, односно на 9-годишна возраст.

Согледувајќи ги предиспозициите на Ацо Караманов, неговиот учител лично го одвел да го полага приемниот испит во гимназијата во Смедерево кој го положил со одличен успех. Во прво време, тој живеел сам со мајка му во Смедерево, а потоа кога татко му добил служба во Скопје, се преселиле во Македонија. При крајот на учебната 1937/38 година се запишал во Првата машка скопска гимназија.

Банер Банер BrandEcho

Во 1941 се вклучил во СКОЈ и активно учествувал во растурање летоци и други акции. Од првиот ден на окупацијата изразил спремност за борба против фашизмот. Како скоевец посетувал илегални состаноци на кои се проучувале материјали, за целите на народноослободителната борба на народите на Југославија. За време на одморите, меѓу часовите, јавно заземал негативен став према фашизмот. Развил активност за опфаќање нови симпатизери и активности за ослободителното движење. Особена активност пројавил во разобличувањето на фашистичките младински организации какви што биле: Браник, Легионер, Отец Паисиј и други. Кон крајот на мај 1944 година семејство се преселило во родниот Радовиш.

На 5 септември 1944 станал член на четвртиот баталјон на Четвртата македонска ударна бригада. При формирањето на Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ, на 17 септември 1944 година во селото Митрашинци, бил прераспределен во нејзината Тринаесеттата македонска бригада каде партизанувал само 32 дена. Загинал на 7 октомври 1944 година во борбата против германските фашисти кај селото Смојмирово, Беровско. Бил тешко ранет кога извршувал извидничка акција и потоа ѕверски избоден со бајонети од германските војници, на денот кога го испејал и последниот стих „Ние и кога умираме треба да пееме“.

Ad image

 

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk
„… Во нашите раце железо се топи,
во градите срце челично бие.
Со пушки со рала и со раце голи,
ќе ја урнеме бедата ние“
Овој талентиран писател живеел само 17 години, но неговите хумани пораки запишани во стихотворбите остануваат да сведочат за творечкиот талент, за детската визија за поубавиот свет, за недосонуваното и недоживеано слободарско утро.
Во текот на својот живот Караманов не објавил ниту една поетска или прозна книга, но колку што сега е познато, од него се сочувани околу 280 поетски творби, како и неговите бележници, лектирски тетратки, дневнични записи и епистоларија (писма и дописки). Меѓу зачуваните поетски творби се: Приказна (1943/1944), романот Трупот со сини очи, незавршениот роман Човекот што испил арсеник, дневник, есеи, осврти и писма.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Верзијата на македонската химна за која сигурно не сте знаеле

159 години од раѓањето на големиот Македонец Ѓорче Петров

93 години од раѓањето на Дарко Дамески – еден од најистакнатите македонски глумци

Говорот на Панко Брашнаров на АСНОМ

„Полицајците му забодувале шајки под ноктите на прстите“ – 110 години од раѓањето на Мирче Ацев

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

На денешен ден 1943 година Бугарија ги депортираше македонските Евреи во концентрационите логори

Македониум

154 години од раѓањето на Гоце Делчев (Документарен филм)

Македониум

157 години од раѓањето на македонскиот национален херој – Петар Поп Арсов

Македониум

Смртта на Јонко Вапцаров: живот помеѓу идеалот и пресметките

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?