Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

МД „Илинден“- Тирана го актуелизира барањето за формирање посебни општини Голо Брдо и Гора

Сподели

Дебар, 1 август 2024 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“-Тирана го актуелизира барањето за форимирање посебни општини Голо Брдо и Гора, бидејќи, како што се оценува, „по десет години од територијалната поделба нема никаков напредок во овие области, населени со Македонци“.

-И по десет години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени. Во 2014 година Владата ги укина
општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за да првите две ги приклучи кон општина Булќиза, а третата кон општина Либражд. Истото се случи и со општините Шиштевец и Запот во областа Гора, кои сега територијално припаѓаат кон општина Кукс. Единствена македонска општина во Република Албанија остана општина Пустец во областа Мала Преспа, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Потсетува дека Владата во Тирана во 2014 година не ги земала предвид нивните барања за формирање на споменатите општини.

- Advertisement -

-Македонците во областите Голо Брдо и Гора, укинувањето на општините го сметаат за чекор назад во почитувањето на малцинските права во Република Албанија. Како друштво, заедно со огранокот за Голо Брдо, повторно го актуелизираме барањето од пред 2014 година. Во барањето до Владата бараме да предложи измени и дополнување на Законот за општините со формирање на две општини: општина Голо Брдо и општина Гора, вели Ѓурѓај.

Сметаме, посочува, дека ова е легитимно право, со што градоначалниците на овие општини ќе бидат локални жители кои ќе ги избираат самите тие, со што непосредно ќе се ангажираат за решавање на локалните проблеми, со кои се запознати и ги чувствуваат.

Од Вера Тодоровска, Дебар Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

СКАНДАЛОЗНО: Забранет настап на македонска музичка група во Грција

Комеморација за убиството на Гоце Делчев во Австралија

МД „Илинден“-Тирана: 8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава

Единствена горанска партија ќе учестува на парламентарни избори во Косово

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција на бугарскaтa агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Република Албанија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Декларација против пописните резултати во Република Албанија

Дијаспора и МНМ

Македонците во Финска ќе ја прослават Василица со традиционална вечер во Еспоо

Дијаспора и МНМ

Младите Македонци од Австралија со донации за Кочани

Дијаспора и МНМ

Во Канада се одбележа Денот на востанието на македонскиот народ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?