Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Дијаспора и МНМ

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

20.03.2024 07:28
Сподели

Скопје, 20 март 2024 (МИА) – Вкупно 2954 наши иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори 2024. Од вкупниот број пријави, според податоците од веб-страната на Државната изборна комисија од синоќа, прифатени се 2610, две се необработени, а одбиени 342. Оваа бројка би можела да се промени доколку Министерството за надворешни работи до ДИК најдоцна до 21 март, согласно Роковникот за избори, достави пријави од наши државјани поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва. Сепак, извесно е дека гласање ќе се организира само за претседателските избори бидејќи нема доволен број пријавени за избор на пратеници.

Гласањето за претседател на 24 април и за втор круг на 8 мај, врз основа на прифатените пријави, треба да се организира во 24 земји. За да се организираат избори во некое од нашите дипломатски-конзуларни претставништва потребно е да се пријавени најмалку десет избирачи.

Најмногу прифатени барања за гласање има во Германија – 578, потоа во Словенија – 327, во САД – 241, во Швајцарија – 182, во Канада – 122, во Австрија – 116, во Италија – 101, во Австралија – 97, во Белгија – 91… Меѓу земјите каде што има најмалку пријавени е Кина каде има 12 наши државјани што сакаат да гласаат на изборите.

Банер Банер BrandEcho

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска минатата недела објасни дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.

Како што кажа, со оглед на тоа дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани и се смета како една изборна единица ќе бидат организирани избори.

– За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави Гугучевска.

Во однос на парламентарните избори, објаснува таа, пратениците се избираат и во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.

-За овие избори овој број е 5.355. Значи, најмалку 5.355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5.355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран, појасни Гугучевска.

Од Елизабета Велјановска-Најдеска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонец избран за совентик во Општина Ливерпул

Поради технички проблеми со веб-страницата продолжен рокот за пријавување на гласачите од дијаспората

СМК: Апел за масовен семакедонски протест пред Европскиот парламент

Откажан Илинденскиот бал 2025 во Австралија

МД „Илинден“-Тирана го поздрави приемот на МАЕИ во ЕФА

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Историски успех за македонскиот ансамбл „Илинден“ од Канада – прво место на меѓународен фестивал во Шпанија

Дијаспора и МНМ

Македонците во Албанија бараат формирање на Општина Голо Брдо и Општина Гора

Дијаспора и МНМ

МД „Илинден“: Ги повикуваме Македонците во Гора на Косово, на пописот да се изјаснат тоа што од секогаш биле – Македонци

Дијаспора и МНМ

Македонски јазик за деца во Германија – еве каде се отвораат паралелки

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?