Македонците од Албанија и регионот го прославија Свети Јован Владимир

ФОТО: Матица на иселениците

Во селото Шијон кај Елбасан, илјадници православни верници од Албанија, Македонија и пошироко се собраа за да го одбележат празникот на Свети Јован Владимир – значаен светец со длабоки историски и духовни корени во македонската традиција. Секоја година на 3 и 4 јуни, манастирот посветен на светецот станува место на поклонение, молитва и културно-духовна поврзаност меѓу народите.

Свети Јован Владимир, зетот на цар Самуил преку неговата ќерка Косара, ужива голем култ меѓу православните верници. Тој бил кнез на Зета и Далмација, убиен во 1016 година во Преспа. Во македонската иконографија е познат по тоа што на фреските често е прикажан како ја држи својата глава во рацете – симбол на неговото мачеништво.

Култот кон светецот е распространет низ цел Балкан, а моштите се чуваат во неколку цркви, меѓу кои и во Тирана, Света Гора и во Охрид. Албанската православна автокефална црква го чествува на 4 јуни, кога во манастирот во Елбасан се одржуваат свечени литургии и народни собири.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава