Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Милионски тендери за автомобили, гориво и мостови – кој најмногу доби последните 10 денови?

ФОТО: Македонија Денес / www.makedonijadenes.mk
Сподели

Во последните десет дена институциите склучиле повеќе значајни договори во рамки на јавните набавки, чија вкупна вредност достигнува стотици милиони денари. Меѓу најголемите договори се издвојуваат набавките на возила, горива и инфраструктурни зафати.

Contents
МВР со највисоки договориЕВН Македонија инвестира во броилаЈавно претпријатие за државни патиштаОпштински договориВладата и другите институции▶ Случајно видео

МВР со највисоки договори

Министерството за внатрешни работи потпиша договор со компанијата Еуроимпекс за набавка на возила во износ од 239 милиони денари (околу 3,9 милиони евра). Истото министерство склучи и два договори со Лукоил Македонија за снабдување со еуродизел и еуросупер, секој со вредност од 141,6 милиони денари (по околу 2,3 милиони евра). Дополнително, МВР обезбеди и гориво со ваучери и боци плин во износ од 47,7 милиони денари (околу 776 илјади евра).

ЕВН Македонија инвестира во броила

Компанијата ЕВН Македонија потпиша договор со „ZPA Smart Energy“ за набавка на еднофазни броила во износ од 195 милиони денари (околу 3,17 милиони евра).

- Advertisement -

Јавно претпријатие за државни патишта

ЈП за државни патишта склучи рамковна спогодба за санација на горниот строј на мостови на државните патишта во висина од 141,6 милиони денари (околу 2,3 милиони евра).

Општински договори

  • Општина Штип набави екстра лесно масло за домаќинство за училиштата и градинките, во вредност од 126,3 милиони денари (околу 2,05 милиони евра).
  • Општина Желино склучи договор за реконструкција на дел од локален пат кон селото Мерово со компанијата „Амазон-Проект“ во висина од 47,9 милиони денари (околу 780 илјади евра).

Владата и другите институции

Генералниот секретаријат на Владата склучи договор со компанијата „См Арт Виз Арт“ за изнајмување и ракување со опрема за симултан превод и аудио-видео поддршка, вреден 59 милиони денари (околу 959 илјади евра).

Министерството за социјална политика, демографија и млади потпиша договор со ЕСМ Продажба за набавка на електрична енергија во вредност од 47,2 милиони денари (околу 767 илјади евра) за потребите на институцијата и корисниците финансирани преку буџетот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Велешка голгота: Жена живеела под постојан страв и насилство од поранешниот партнер

Од 1 јули до крај на месец август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Обид за убиство во Охрид – 43 годишник со нож нападнал познаник

Трагедија во Охрид – Битолчанец се удавил во езерото

МВР: Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

4-9 ноември: Културно-свечени активности за 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија

Македонија

Најнова вест: 8 активни забрани за сообраќај во Македонија, укината 1

Хроника

91-годишна жена во критична состојба по сообраќајна несреќа

Хроника

Кривична пријава за обид за убиство, одредена мерка притвор

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?