Најнова вест: 8 активни забрани за сообраќај во Македонија, укината 1

АМСМ објави најново инфо за состојбата на патиштата ширум земјата. Според последното известување, укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Деве Баир – Крива Паланка.

Сеуште активни забрани за ТТВ има на патните правци:

  • Гостивар-Маврово-Дебар
  • Гостивар-Стража-Кичево
  • Пресека
  • Плетвар
  • Ѓавато
  • М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
  • Делчево – г.п. Делчево
  • Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели ја оваа објава