Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: На денешен ден Ѓорѓи Сугарев бил предаден од Параловци
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » На денешен ден Ѓорѓи Сугарев бил предаден од Параловци
Македониум

На денешен ден Ѓорѓи Сугарев бил предаден од Параловци

23.03.2025
Share
SHARE

На денешен ден 1906 годинаво селото Паралово бил убиен македонскиот револуционер Ѓорѓи Сугарев. Ѓорѓи Сугарев е роден во Битола во 1876 година во семејство од крајно сиромашни родители. Мајка му е Донка Сугарева (1846-1932). Браќата му Христо, Вангел и Михаил емигрираат во САД и активно учествуваат во работата на Македонската патриотска организација. Вангел станал таму историчар и автор на неколку книги, како „Бугарската националност на Македонците“.

Преживеаната мизерија во Ѓорѓи раѓа омраза спрема несправедливоста и нееднаквоста. Уште во детските години тој ја почувствувал омразата кон турскиот аскер, а во младинските години таа добила сè поголем размер. Поради големите семејни оскудици Сугарев не успеал да заврши IV клас во Битолската бугарска егзархиска гимназија. Поради тоа, тој ја напуштил гимназијата и ѝ се оддал на учителската кариера, преку којашто успеал да го прави тоа што најмногу му леж

Во 1901 година, незадоволен од легалната дејност, Сугарев станал четник во демир-хисарската чета на војводата Никола Русински. Истата година, тој бил избран за член на раководното тело на Битолскиот револуционерен округ, и за да може да ја исполнува дадената организациска должност, тој повторно станал учител во Битола. Но шумниот град и арогантните чорбаџии создале презир кај Сугарев. Градскиот живот не го задоволувал неговиот боречки карактер. Тој ја напуштил Битола и со неколкумина другари започнал нелегална дејност во Битолската околија. Тој го јакне револуционерното сознание сред своите комити и, следствено, мнозина од нив стануваат војводи. Сугарев оди секаде каде што се чувствува потреба од неговата организаторска вештина. Тој ги посетил скоро сите села во Демир-хисарско, Кичевско, Ресенско, Крушевско и Поречјето.и на срце. Тој учителствува во градот Битола, Битолската и Кичевска околија.

Во несразмерна борба со османлиската војска над Параловскиот Манастир Св. Ѓорѓи бил убиен заедно со неговите соборци откако претходно бил предаден од еден селанец од селото Паралово.

Предавството на Ѓорѓи Сугарев е опишано и во познатата песна „Заплакало е Мариово“ која меѓудругите ја имаат препеано Васка Илиева, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Мирвет Беловски и многу други.

Заплакало е Мариово, заплакало
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев:
– Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш,
леле да дојдиш,
од душманите да нè куртулиш.

Тогај извикна Ѓорѓи Сугарев, провикна
од Демирхисарските балкани:
– Еве сум народ, народ поробен, леле измачен,
сега за скоро јас ќе дојдам.
Сега за скоро јас ќе дојдам, леле ќе дојдам,
со триес’ одбор млади момчиња.

Колку ми трга Ѓорѓи да врви, да врви,
за тоа село Паралово,
бог да ги бие шпиуните Параловци,
Ѓорѓија што ми го предадоја.

– Слушај бре Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев, послушај,
ако да сакаш ти да куртулиш,
накачи горе кај чукарите, кај манастирот,
ако да сакаш ти да одминеш,
накачи горе кај чукарите, кај манастирот,
ако да сакаш ти да куртулиш.

Тогаш се Ѓорѓи, Ѓорѓи излага, се прелага
накачи горе кај чукарите,
кога ќе види, што ќе види, Ѓорѓи Сугарев:
од сите страни Ѓорѓи сардисан.

Тогај извикна Ѓорѓи Сугарев, провикна
на неговата верна дружина:
– Клавајте гуњите пусии, леле пусии
зошто се камен тешко најдува.

Згрмеја пушки, пушки аскерски, крвави,
сета дружина му ја избија.
Тогај извади нагант леворвер, Ѓорѓи Сугарев
самиот крвта си ја пролеа,
самиот крвта си ја пролеа, Ѓорѓи Сугарев,
жив на душмани не се предаде.

You Might Also Like

Во сеќавање на Ангел Динев – починал на денешен ден 1952 година (ВИДЕО)

„Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“

На денешен ден 1942 година биле убиени Борка Талески и Лазо Колевски

101 години од раѓањето на Ацо Шопов – основоположник на современата македонска поезија

Во само еден ден убија над 100 селани – 80 години од големиот масакр во Штипско и Кочанско

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?