Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Патување

Најкусата улица во светот

Сподели

Вик, 18 март 2024 (МИА) – Сместен во идиличната северна Шкотска, живописниот приморски град Вик има богата историја како поранешно норманско село коешто гордо ја носело и титулата на едно од најпрометните пристаништа во Европа во 19. век.

Овој шкотски град денес може да се пофали и со богата културна сцена – театар, уметнички галерии… Бил познат и по текстилната индустрија – некогаш имал и сопствена фабрика за волна. Покрај сѐ тоа, светската јавност уште еднаш слушна за него, кога во 2006 година Гинисовата книга на рекорди ја призна „Ебенезер плејс“ (Ebenezer Place) како најкуса улица во светот.

Улицата, имено, е долга само 2,06 метри, па на возрасен човек му требаат само три чекори да ја мине. На неа се наоѓа и хотелот „Меккејс“.

- Advertisement -

Имотот бил изграден во 1883 година од Александар Синклер, по неговото враќање од САД во Шкотска. Се вели дека Градскиот совет му наложил на инвеститорот да го именува новозаградениот дел од улицата „Јунион“ – како посебна улица. Тогашниот закон налагал така, па „Ебенезер плејс“ во 1887 година официјално е прогласена за улица.

Сопственичката на хотелот, Ели Ламонт, која со својот сопруг Мареј денес го води хотелот, вели дека гостите, меѓу другото, се посебно воодушевени од светскиот рекорд.

Секоја година, градот Вик е домаќин на „Гала-неделата на Вик“ – седмица исполнета со концерти, изложби, спортски настани и народни фестивали. Ова место, исто така, е домаќин и на најсеверниот мотоциклистички настан во Велика Британија – „Нордкап ендјуро“, којшто привлекува возачи од целиот свет. Малото гратче се користи и за снимање филмови и ТВ-серии, како што е светски познатата „Круна“.

На второ место е улицата „Елгин“ во Бејкуп, западна Англија, според Гинисовата книга на рекорди. Таа улица е долга 5,2 метри.

Од Слободан Иванов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Расте интересот за одмор во Македонија: Популарни дестинации и совети за патување

Плажата „Месечев залив“ во Словенија – една од најубавите во светот

Илјадници луѓе се приклучија на протестите против масовниот туризам на Канарските Острови

Кои дестинации се идеални за посета во јули?

„Полските Малдиви“ и езерата со тиркизна вода

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Неапол – град со најдобра храна во светот, никаде нема подобра пица

Патување

Не чекај совршен момент – патувај сега: Еве зошто патувањата се најдобрата инвестиција во животот

Патување

Најлуксузните хотели во светот – вратата на елеганцијата и удобноста

Патување

Портовенере во 9 минути (ВИДЕО)

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?