Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Патување

„Ер-Би- Ен-Би“ ќе воведе построга контрола за камерите за надзор

12.03.2024 19:04
Сподели

Лос Анџелес, 12 март 2024 (МИА) – Агенцијата за наоѓање туристички сместувања и изнајмувања, „Ер-Би-Ен-Би“ (Airbnb) објави дека воведува построга делумна забрана и контрола за употребата на камери за надзор во имотите што се изнајмуваат ширум целиот свет.

Промената на практиката на компанијата стапува во сила на крајот на следниот месец, а целта е поедноставување на правилата за безбедност, како и да ѝ се даде приоритет на приватноста на гостите. Корисниците на „Ер-Би-Ен-Би“ претходно многупати изразија загриженост за непристојна употреба на камери во становите и куќите што се изнајмуваат.

„Овие промени беа направени по консултации со нашите корисници, домаќините и стручњаците за приватност. Ќе продолжиме да бараме повратни информации за да се осигураме дека нашите политики функционираат за нашата заедница ширум светот. Со оглед на фактот дека повеќето огласи на ‘Ер-Би-Ен-Би“ не спомнуваат поседување камери за надзор, се очекува овие промени во политиката да придонесат и за помалку огласи на платформата“, соопшти официјалниот претставник на агенцијата.

Банер Банер BrandEcho

„Ер-Би-Ен-Би“ во мигов дозволува користење камери за надзор во заедничките, простории како дневни соби и ходници, сé додека тие се наведени во огласот.

Новите правила забрануваат и надворешни камери насочени кон внатрешноста на зградите. Агенцијата за интернет-изнајмувања простор нема да дозволува камери во приватни простории, како што се спални соби и бањи. Сепак, новите правила дозволуваат камери кај влезовите, во ѕвончињата, како и уреди за следење звук во заедничките простории. Овие уреди ќе мора да бидат наведени во огласот.

„Ер-Би-Ен-Би“ истакнува дека се бара рамнотежа меѓу потребите на домаќините за безбедноста на нивниот имот и недозволените забави и, од друга страна – приватноста на гостите. Објавата доаѓа неколку дена откако американската емисија „Сатурдеј најт лајв“ (Saturday Night Live) прикажа сатирична лажна реклама со шега за камера скриена во тоалет.

Од Слободан Иванов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

За четири месеци Албанија ја посетиле 2,45 милиони туристи, највисока бројка досега

Топ 10 европски градови за city-break: каде да отпатувате за викенд исполнет со култура, храна и забава

Туристичко искуство: Сместувањето чини 100 евра на ден, но перење алишта се доплаќа

Топ-10 земји за туризам без алкохол

Дали летувањето во Медитеранот е безбедно? Европските туристи загрижени поради конфликтите на Блискиот Исток

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Патување

Патувања што вреди да се планираат: дестинации кои треба да се посетат следната година

Патување

Планирате патување оваа пролет? Еве неколку предлог дестинации

Патување

Овој град бил затворен за туристи 40 години – денес е еден од најмагичните во Европа

Патување

Луфтханза го продолжи прекинот на летовите за Тел Авив до 15 јуни

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?