Тајпеј, 3 април 2024 (МИА) – Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, а според засега достапните информации четири лица загинаа, а десетици се повредени. Бројот на жртви се очекува да се зголеми, наведуваат локални медиуми, посочувајќи дека станува збор за најсилниот земјотрес во последните 25 години во оваа земја.
Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот, посочувајќи дека најмалку 26 згради се урнале.
STRONGEST #earthquake IN 25 YEARS HIT #Taiwan #Japan. MASSIVE DESTRUCTION REPORTED EVERYWHERE💔 #Tsunami IS APPROACHING TOO.
This is a reminder of how life is so temporary. Prayers for them 💔 pic.twitter.com/6YKAYqSFMi
— Shehryar Sajid Khan (@Sskwrites) April 3, 2024
Локалните медиуми јавуваат дека во зградите има заглавени луѓе, а според последните информации на тајванската противпожарна служба загинале четири лица, а околу 60 се повредени.
Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија, а тој се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег. Во Тајпеј сè уште се чувствуваат последователни потреси, со најмалку 25 досега, според жителите. Повеќе од 87.000 домаќинства останаа без струја, а запрени се и брзите железнички возови.
The 7.4 magnitude #earthquake in eastern #Taiwan is the strongest in 25 years.
– Multiple buildings have collapsed
– #Tsunami warnings issued in Taiwan and Okinawa, #Japan and the Philippines.
– Internet outages reported in Taiwan. pic.twitter.com/KfAQk6GWk0
— 99 attempts (@Itismourinho) April 3, 2024
Јапонскиот центар за земјотреси објави дека неколку помали цунами стигнале до јужната префектура Окинава и подоцна го укина предупредувањето за плимниот бран. Сеизмолошката агенција на Филипините исто така издаде предупредување за жителите на крајбрежните области и ги повика да се засолнат на повисоките места. Земјотресот е почувствувани во Шангај, Кина.
Од Сања Костовска Извор МИА