Русија тврди дека соборила украински авион Ф-16

Москва, 13 април 2025 (МИА) – Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивната противвоздушна одбрана соборила украински ловец Ф-16 и уништила 207 беспилотни летала, јави ТАСС.

„Системите за противвоздушна одбрана соборија борбен авион Ф-16 на украинските воздухопловни сили, осум наведувани бомби JDAM и седум проектили од американско производство на ракетен систем за повеќекратно лансирање HIMARS, како и 207 беспилотни летала од типот на авиони“, соопшти руското воено министерство.

Дополнително, руските сили, според истата изјава, го зазеле селото Јелизаветовка во украинската Доњецката област.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава