Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

Не викајте ме Торбеш

16.03.2025
ФОТО: Македонија Денес
Сподели

НЕ ВИКАЈТЕ МЕ ТОРБЕШ

Понекогаш подбивно ме шараат со лузни

како модрици пцости ме боднуваат под седмото ребро.

и чувствувам пришти од погледи студни

лигави меури чинам пукаат од тага и бол.

Торбеш ме викате

но мојот прадедо не за торба урда

за утроба сита камбана фрлил во влажниот дол

и со бол ја копал фреската на Христа

виел камшик суров како змија клета

по ребрата голи помодри од небо

крв течела топла и бликала сета

крв човечка братко не сок од стебло.

Рикал денот мрачен небото го цепел

тажно гледал в крстот како мртва врана

Библијата древна горела во пепел

Коренот пак никнел во главата страдна.

Не го слушам звухот од Бигор што рика

на камбана жолта што ја тресе Река

но и глув сум сосем оџа кога вика

пред мрак кога сонце на запад се влечка.

Ме викате Торбеш, но мојот прадедо

вера не менил ни за торба сребро

меса му капеле под кундаци силни

животот му течел од жилите сини.

Ме викатe Торбеш, но горам од љубов

за секоја грутка на мојава земја.

Вардар, Пирин, Егеј ми го пленат умов

на срце ги носам како пролет цветна.

Не викајте ни Торбеш

зошто ѕвездите ќе ми изгаснат очиве

и ќе се исцедат како солзи на доенче.

Не викајте ме Торбеш

зашто и сонцето пци ќе ми го исколат

и кобили со врели копита

градиве ќе ми ги здробат.

Не викајте ме Торбеш

зашто ќе ми пресушат потоците во жиливе

а утробата одрана кожа ќе ми се стори.

Не викајте ме Торбеш

зошто кринот цветни ни вовирате во мишкиве суви

што ги приткајуваме со болка и надеж

и вера во сакое наше утре.

Не викајте ни Торбеш

зашто млекото ќе им се пресуши на момиве наши

со заруменати образи

и на ергените красти ќе им ги искинат кожите.

Не викајте ни Торбеш

и не вовирајте ни нокти во мозокот

нас не ќе нè сотре безименоста.

Саме Лимани Жарноски

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Во сеќавање на Дарко Дамески – почина на денешен ден пред 41 година

Македониум

„Го нема Чакаларов, ја нема Македонија“

МакедониумМакедонска музика

50 години од смртта на Кирил Манчевски – великанот на народната песна

Македониум

„Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“ – Годишнина од убиството на Страшо Пинџур

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?