И тоа е можно во нашата Македонија – Управата за Јавни приходи (УЈП) го тужел, и секако, добил на суд за долг од верувале или не, 0,22 денари.
Гораст Муратовски на својот Фејсбук профил објави фотографија од решението на кое се гледа како поради долг од 0,22 денари сега мора да плати 1.575,22 денари.
„УЈП ме тужело за долг од 0,22 денари! Утре ако не кревам да знаете дека сум лишен од слобода поради физичко насилство.“ пишува тој.

