Лос Анџелес, 25 март 2024 (МИА) – „Актавижн“ (Activision) ја пушти во продажба својата верзија на играта „Кол оф дјути: Ворзон мобајл“ (Call of Duty: Warzone Mobile) за паметни телефони. Играта е веќе достапна за преземање и е одвоена од претходната „Кол оф дјути: Мобајл“ (Call of Duty: Mobile). Инаку, вторава нуди искуство со еден или повеќе играчи (опцијата „мултиплеер“), а „Ворзон“ засега – само единечната опција и е дел од жанрот на „Батл ројал“ (Battle Royale).
Играчите и за новата видеоигра ќе можат да вклучат стандарден „мултиплеер“, но само откако ќе одиграат неколку „Ворзон“ игри. Играта може да се игра на конзола, компјутер и паметен телефон.
Се управува со допирање на екранот – кај паметни телефони со „ИОС“ или „Андроид“ оперативни системи, но инаку може да се користи и компатибилен џојстик. И стандардниот безжичен контролер на „Икс-бокс“ одговара за оваа игра, како и безжичните џојстици на „Сони плејстејшн 5 дуалсенс“ и „Плејстејшн 4 дуалшок“.
Од Слободан Иванов Извор: МИА