Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Предновогодишно интервју со Снеже Велков: 2024 ми беше година на промени и лекции

Сподели
Шармантна, оригинална, отмена и единствена а на прашањата секогаш бара конкретни одговори од гостите. Снеже Велков, една од најпознатите имиња на македонската но и балканската сцена, која повеќе од 20 год. гради успешна водителска кариера е препознатлива по многубројните успешни проекти како што се Ред Хот, Бекстејџ, Големиот Брат, Вип на еден ден и во моментот забавната емисија Нешто Конкретно.  Во пресрет на Новогодишните празници, Снеже ни одговори по што ќе ја памети годината што изминува, кој е најубавиот новогодишен подарок кој што го добила, дали верува во Дедо Мраз…
1. Новата 2025 год. е на самиот праг. По што ќе ја паметите годинава што изминува?
С.В. Дефинитвно 2024 ми беше година на промени и лекции.Но и поставување на граници.Силно верувам дека направените грешки во изминатава, беа доволно поучни за да ми бидат поука за цел живот.Правилото е: Ако првиот впечаток при почнување на соработка, проект пријателство и сл. ви дава некое непријатно чуство, послушајте го, има зошто.Колку порано прекинете – толку подобро, одложувањето никогаш нема да донесе ништо добро.
2. Која е омилената новогодишна песна што сакате да ја слушате во овој период од годината?
С.В. Мене Елко, елко порасни уште две – три педи, ми е симбол на Нова година и тоа е така од кога знам за себе. А ако треба да кажам некоја песна која ми ја одбележа 2024 тое е дефинитивно дуетот на Слаткар и Некст тајм – Океани.

3. Кој е досега најинтересниот новогодишен подарок кој што го имате добиено или пак подарено?
С.В. Дефинитивно тоа е 2011 кон 2012 година кога порано, иако терминот беше после Нова година, на 29 декември го добив мојот новогодишен ДАР-ИН, мојот втор син. И ден денес се шегувам на таа тема дека требаше да почека барем на 1 да се роди да добиевме телевизор. Во секој случај тоа е најубавиот подарок, големиот син доби братче, тато уште еден јунак, и нашето семејство стана цело.
4. НЕШТО КОНКРЕТНО: Ако треба да изберете една епизода од емисијата која остави најголем впечаток во 2024 година, која би била таа?
С.В. Првата епизода од оваа актуелнава четврта сезона.
5.  Верува ли Снеже во Дедо Мраз? Има ли желба што сака да и биде остварена во Новата година?
С.В. Јас би Дедо Мраз да позборува малку со Марк Цукерберг и да се договорат, во Новата Година на секој што ќе остави лош коментар на социјалните мрежи да му се одземаат по 5 долари од лош коментар. Па на оние кои постојано коментираат лошо профилите да им бидат означени со некој симбол за предупредување, чисто да се знае со што тип на човек си имате работа.Ова за општо добро, а за мене Дедо Мраз нека ми донесе еден личен асистент/ка, може и дигитална, да ми направи подобра организација на деновите за да стигнувам секаде на време, да не ги заборавам и да ги завршувам сите обврски.

6. За крај,која е новогодишната порака која би ја упатила до нашите читатели?
С.В. Посакувам во желбите да сме здрави и живи да се додаде уште еден збор, добри луѓе. Посакувам луѓето да сфатат колку е важно да не се сее лошотилук, злобни коментари, понижување, навредување, беспотребно коментирање. Нека во Новата година луѓето се држат до правилото: Ако немаш што добро да кажеш, подобро премолчи. Посакувам секој да си го бере своето гајле, не туѓото.
 Н.Заовска

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кога љубовта кон фолклорот станува животна определба: Младиот Кристијан од Делчево е вистински чувар на традицијата

Петар Котевски: Време е Битола да добие радикална транспарентност

Во време на војни и двојни стандарди – Интервју со Билјана Ванковска

Андов: Ќе работиме со чесност и одговорност – секоја одлука ќе биде во интерес на граѓаните

Весна Поповска: Помалку изговори, повеќе резултати – време е Бутел да се исчисти и среди

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Анимирани џиновски торти што се вртат, светат и свират – влезете во магијата на струмичката слаткарница Канела

Интервју

Ванковска: Трамп не е успех на американската демократија, туку морбиден симптом на нејзиниот колапс

Интервју

Лазо Костоски: Време е граѓаните заедно со нас да одлучуваат за иднината на Карпош

Интервју

СПЕЦИЈАЛНО интервју со отецот на МПЦ во Чикаго, отец Константин – дознајте како се празнува Божиќ и со кои предизвици се соочуваат верниците во дијаспората

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?